Свет
Пресудата на обвинетите за геноцидот во Сребреница на 10. јуни
Хашкиот трибунал на 10.јуни годинава ќе им изрече пресуда на седум офицери на Војската на Република Српска кои се обвинети за геноцид и злосторства врз муслиманите во Сребреница.
Хашкиот трибунал на 10.јуни годинава ќе им изрече пресуда на седум офицери на Војската на Република Српска кои се обвинети за геноцид и злосторства врз муслиманите во Сребреница.
За геноцид на над 7.000 муслимански заробеници во 1995 година од Сребреница обвинети се Вујадин Поповиќ, Љубиша Беара, Драго Николиќ, Љубомир Боровчанин и Винко Пандуревиќ а за злосторства против човештвото Радивој Милетиќ и Милан Гверо./крај/бета/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не е вистина дека сопругата на Асад побарала развод, велат од Кремљ
Кремљ денеска ги демантираше информациите во турските медиуми дека Асма ал Асад, сопругата со британско потекло на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, сака да се разведе и да ја напушти Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми кои сугерираат дека Асад е задржан во Москва и дека неговиот имот е замрзнат.
„Не, тие не соодветствуваат на реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциска врска дали наводите се вистинити.
Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал Асад поднела барање за развод во Русија, каде семејството Асад доби азил овој месец, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.
Свет
Руската разузнавачка служба предупредува дека претседателката на Молдавија се подготвува за војна
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека молдавската претседателка Маја Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, наведувајќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да започне вооружен конфликт.
Во пораката испратена од СВР до агенцијата ТАСС, се наведува дека претседателката на Молдавија неодамна одржала состанок со молдавската влада за прашања од енергетската безбедност, но средбата завршила со тоа што Санду укажала на потребата од развој на план за воена операција која има за цел воспоставување контрола над Придњестровје и елиминирање на руското присуство во регионот.
„Никој не може да гарантира дека претседателката на Молдавија нема навистина да се обиде да започне вистинска војна во регионот“, нагласува СВР во пораката до агенцијата ТАСС.
Свет
Oрбан: ЕУ ја изгуби војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е на дофат и дека ќе започне нов свет со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
„Русите беа спремни да се согласат со Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се’ уште не, но православниот Божиќ се’ уште не пристигнал“, рече Орбан.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна – Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите, објави унгарскиот портал „Инфостарт“.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина.