Свет
Руска флота влезе во Сирија
Руска флота се усидри денеска во сириската поморска база Тартус, во знак на цврсти врски помеѓу Москва и Дамаск, информираше државната сириска агенција Сана.
Руска флота се усидри денеска во сириската поморска база Тартус, во знак на цврсти врски помеѓу Москва и Дамаск, информираше државната сириска агенција Сана.Агенцијата додава дека капетаните на руските бродови усидрени во Тартус ја изразиле својата солидарност со сирискиот народ.„Бродовите пристигнаа во сирија. Целта на оваа посета е да се зближат двете држави и да ги зајакнат пријателските односи“, изјави офицерот на руската морнарица, Владимир Анатолович Јакушин.Гувернерот на Тартус, Атеф ал-Надаф оддаде почест на, како што рече, „за пофалба вредниот став на Русија, која застана зад сирискиот народ“.Приватниот дневен весник ал-Ватан, кој е близок до власта, објави дека руската флота ја предводи носачот на авиони Адмирал Кузњецов, а во нејзин состав има и воени бродови, подморници, воени авиони, хеликоптери и неколку противракетни системи. Москва во октомври вложи вето во Советот за безбедност на нацрт резолуцијата за воведување на ембарго за оружје на Сирија, чиј главен добавувач е токму Русија, уште од времето на Советскиот сојузВо меѓувреме судирите во сирија не се смируваат, во жестоките судири помеѓу војската и дезертерите ноќеска во Баср ал-Харир, на југот на државата, загинале најмалку 11 регуларни војници, 20 биле ранети, а девет дезертирале, соопшти Сирискиот комитет за човекови права.Во претходните два дена се проценува дека биле убиени 47 цивили. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

