Свет
Уапсен е водач на мексикански нарко картел кој сечел глави
Оскар Гарсија Монтоја водач на мексиканскиот нарко картел уапсен е во сојузната држава Мексико, пренесе денеска Ројтерс.
Оскар Гарсија Монтоја водач на мексиканскиот нарко картел уапсен е во сојузната држава Мексико, пренесе денеска Ројтерс.
Мексиканското обвинителство соопшти дека Монтоја, кој наводно е водач на „ Рака со очи“, е уапсен вчера, а на товар му се става учество во егзекуција на најмалку 300 луѓе.
Организацијата „Рака со очи“ ширеше терор фрлајќи отсечени глави на улиците на градовите во околината на престолнината на Мексико, пренесе Ројтерс.
Обвинителот Алфредо Кастиљо изјави дека Монтоја едно време бил полицаец на северот на Мексико, како и дека признал дека лично учествувал во егзекуција на 300 луѓе и наредил повеќе стотици убиства.
Претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон по доаѓањето на власт во 2006 година покрена воена офанзива против нарко картелите, а оттогаш во насилство поврзано со нарко банди загинаа над 42.000 луѓе. /крај/рт/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ерупција на вулканот Руанг во Индонезија:, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе
Во Индонезија се евакуирани 12.000 луѓе кои живеат во близина на островот Сулавеси, каде што еруптираше вулканот Руанг, за што Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик прогласи највисоко, четврто ниво на тревога.
Жителите на островот се преместени во градот Манадо, а Центарот ги предупреди граѓаните на соседниот остров Тагуланданг дека постои опасност од цунами поради паѓање на материјал од вулканот во океанот, пренесува Ројтерс.
Се проценува дека чадот над вулканот достигнал висина од пет километри, поради што биле евакуирани жителите во радиус од седум километри.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Свет
Шест лица загинаа во напад на џамија во Авганистан, непознато лице пукало во цивили
Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е рането во џамија во авганистанскиот град Андишех во областа Гузара, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Матин Кани.
Тој изјави дека „непознато вооружено лице пукало во цивилни верници во џамијата“ вчера во 21 часот по локално време, пренесува Ал Џезира.
Меѓу убиените е и имамот на џамијата во која се молеле шиитските муслимани.
Ројтерс јавува дека меѓу жртвите има и дете.