Македонија
Советот на Европа бара од Грција да ги признае Македонците
Грција ќе мора да го признае македонското малцинство и да ги вратите имотите на Македонците од Егејска Македонија, како и да ги спроведува одлуките на Судот за човекови права во Стразбур, побара денеска Советот на Европа.
Парламентарното собрание на оваа меѓунардона организација денеска ја прифати Резолуцијата за состојбата со малцинствата, со која од Грција се бара да ја ратификува Повелбата за заштита на националните малцинства. Советот на Европа која делува најмногу во делот на заштитата на човековите права бара oд јужниот сосед да го признае македонското малцинство, но и да работи на тоа да се вратат имотите на Македонците кои во текот на граѓанската војна во 1948 г. ги напуштиле своите домови од Егејска Македонија, денешна северна Грција.Државите-членки на Советот на Европа бараат од Грција i да постапува согласно одлуките на Судот за човекови права во Стразбур во кои се наложува грчките судови да дозволат регистрација на невладината „Дом на Македонската цивилизација“. Во целата резолуција се користи терминот „Macedonian” без никакви додавки.Грција критика за третманот на малцинствата вчера доби и од Стејт департманот. Во извештајот посветен на Грцијa стои дека Стејт департманот констатирал оти македонското малцинство во јужниот сосед има тешкотии во слободно политичко и културно здружување на македонското малцинство. Најголемите забелешки се околутоа што не се признава македонскиот јазик од страна на официјална Атина.„Власта не го признава постоењето на словенски дијалект, наречен ’Македонски’ од страна на луѓето што го говорат во северозападните делови на земјата“, се констатира во извештајот.Со реакција се огласија од партијата „Виножито“. Го поздравуваат извештајот на Стејт департментот, но се противат на употребата на поими како „Словенски дијалект“.„Ова не се поими за самоопределување и би било соодветно во извештај што ги третира човековите права, Стејт Департментот да ги почитува принципите на самоопределување и ја именува оваа група и нејзиниот јазик едноставно како македонска“, се вели во реакцијата на „Виножито“, зад која се потпишани и македонските комитети за човекови права од Канада и од Австралија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

