Македонија
Милошоски: Нема да ни пречи поголемо внимание од ЕУ за името
Нам нема да ни пречи доколку Европската Унија посвети поголемо, посериозно и поиздржано внимание за спорот со името.
Нам нема да ни пречи доколку Европската Унија посвети поголемо, посериозно и поиздржано внимание за спорот со името. Ова денеска во Скопје го изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по работниот ручек на Претседателот Ѓорге Иванов со амбасадорите на земјите од Вишеградската група – Словачка, Полска и Унгарија. „Нам не би ни пречело ако ЕУ како целина посвети поголемо внимание. Но, тоа внимание да биде поголемо, посериозно и поиздржано од оние билатерални дневни посети, укажувања и совети кои што ги имаме понекогаш во однос на билатералното прашање со Република Грција“, изјави министерот Милошоски, дополнувајќи дека по донесувањето на Лисабонскиот договор, постои поголем капацитет Унијата да се занимава со прашањата што се од европски интерес. Милошоски од претстојната посета на Нимиц очекува „нова динамика“ во разговорите за името. Смета дека ова е вистински момент за забрзување на овие разговори. Критикувајќи го честото истакнување на „црвените линии“ од страна на Грција, најави конструктивност од македонска страна при посетата на Нимиц. „Ние ќе понудиме добро расположение, добра волја, решителност, иницијативи за зголемена билатерална соработка и комуникации. Сметаме дека во едни такви подобрени околности можеме да направиме напредок во ова билатерално прашање“, рече Милошоски. Прашањето за името и евро-атлантската интеграција на Македонија биле дел од разговорите на денешниот работен ручек на Претседателот Иванов со амбасадорите од трите земји. “Ние не се обидуваме да даваме сугестии на Македонија како да го разреши прашањето со името, но препорачавме да се искористи времето во следните месеци за да се најде решение и да започнат вистинските преговори со ЕУ“, изјави по средбата унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши. Амбасадорите на земјите од Вишеградската група го информирале Претседателот Иванов за приоритетните проекти, меѓу кои е интегрирањето на регионот на Југоисточна Европа во европските и евроатланските структури.
Амбасадорите го посочиле искуството на нивните земји како позитивен пример на меѓусебна соработка, и меѓусебна поддршка во процесот на интегрирање во Унијата и во НАТО, пример што е важен и за регионов.
На средбата било констатирано дека зајакнатата европска и евроатланска перспектива е клучен предуслов за натамошен напредок во регионот. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

