Македонија
ММФ: Македонија и натаму изложена на надворешни ризици
Финансискиот сектор во Македонија е стабилен со високо ниво на адекватноста на капитал, но овие состојби и понатаму се изложени на ризици од неповолните надворешни случувања.
Финансискиот сектор во Македонија е стабилен со високо ниво на адекватноста на капитал, но овие состојби и понатаму се изложени на ризици од неповолните надворешни случувања.Ова го истакна шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Вес МекГру кој е во еднонеделна посета на Македонија со цел да ја разгледа економската состојба и финансиските услови во врска со аранжманот за кредитна линија за претпазливост од која Македонија пред изборите повлече 220 милиони евра.Од ММФ сметаат дека заздравувањето на економијата оди во нагорна линија и очекуваат раст од најмалку три отсто на Бруто Домашниот Производ (БДП), а инфлацијата ќе почне да се намалува.„Надворешниот биланс на Македонија е контролиран и би требало да се финансира од странски директни инвестиции, при што девизните резерви остануваат на задоволително ниво. Финансискиот сектор е целосно стабилен, со високи нивоа на адекватност на капитал, голема ликвидност и стабилизирање на нефункционалните заеми. Овие состојби и понатаму се изложени на ризици од неповолните надворешни влијанија“, рече МекГру.Министерот за финансии, Зоран Ставрески истакна дека економските политики се здрави и исполнети се индикативните таргети во делот на буџетскиот дефицит во висина од 2,5 отсто од БДП.„Економијата е во нагорен тренд имаме позитивни движења, очекуваме стабилизацијата во наредните месеци, а до крајот на годината инфлацијата да се намалува и да се спушти до три отсто“, рече Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време: претпладне магла, кон крајот на денот повремен дожд, а на повисоките планини слаб снег
Времето денеска ќе биде Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.
Скопје
Дел од Кисела Вода и Карпош без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– од 8 до 13 часот дел од корисниците од улицата Св. Наум Охридски, Црниче (општина Кисела Вода);
– од 10 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Илинден, реонот кај раскрсницата со улицата Коле Неделковски (општина Карпош).
Македонија
Филипче да биде искрен и јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекуваме Филипче, во име на СДС, јавно да се извини и за:
– Откажувањето на оваа партија од македонскиот идентитет и јазик преку договорите кои директно ги загрозија македонските национални интереси.
– Врските на СДС со ДУИ, кои резултираа со масовен криминал, корупција и грабеж на државните ресурси.
– Грабежот и богатењето за време на ковид пандемијата, кога како министер за здравство дозволи огромни злоупотреби на јавните средства, со што се вброи меѓу профитерите кои се богатеа додека народот страдаше.
Филипче треба да покаже искреност и јавно да се огради и од неговиот ментор Зоран Заев, кој среде Скопје, без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!
Дали тој сè уште го дели ова мислење на „Фамилијата Заеви“ или, можеби, конечно тој решил да се оддалечи од овие разорни предавнички политики?
Народот нема да заборави и дека токму СДС и Венко Филипче беа главните вазали на ДУИ, кои заедно ја уништуваа иднината на Македонија. Колку и да се обидуваат да ги променат своите лица пред јавноста, македонскиот народ е свесен за нивните лаги и предавства.
Време е за нова страница во македонската политика, страница каде ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги брани македонските интереси, достоинството и иднината на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.