Европа
Меркел, Путин и Оланд разговараа за самит за Украина
Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин односно Франсоа Оланд телефонски разговараа при што укажаа на неопходноста од одржување самите следните денови за ситуацијата во Украина, апострофирајќи ги спецификите на своите позиции, објавија во саботата нивните кабинети во услови на бројни прекршувања на прекинот на огнот во украинскиот исток.
Рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор во кој беше дискутирано натамошната работа во рамките на ткн „нормандски формат“ и вклучувањето на министрите за надворешни работи и подготовка на нова средба на највисоко ниво, ја истакна важноста од деблокирање на побунетиот источен украински регион Донбас, соопшти Кремљ.
„Во текот на разговорот беа размени мислења за прашањата коишто се одржуваат есенва во регионите на Украина. Разгледани, исто така, беа и основните аспекти на натамошната работа во рамките на ‘нормандискиот формат’…“, се наведува во соопштението на кабинетот на рускиот претседател.
Ткн „Нормандиски формат ги вклучува челниците на Украина, Русија, Франција и Германија, во кој се разговара за надминување на украинската криза. Претходно седмицава францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека наскоро во Париз би можело да се одржи средна на „нормандиската четворка“, така именуван по првата средба на челниците која се одржа на прославата по повод 70-годишнината од сојузничката инвазија во француска Нормандија во текот на Втората светска војна.
Четворицата челници во четвртокот разговарале и за кризата на рускојазичниот исток на Украина и за остварувањето на мировниот договор постигнат во февруари годинава во белоруската престолнина Минск, како и за средбата на Контактната група за Украина која се одржа во средата и четвртокот, исто така, во Минск.
„Меркел и Оланд информираа за резултатите од неодамнешниот состанок во Берлин со претседателот на Украина. Путин искажа загриженост од истрелите од страна на украинските сили врз населени места во Донбас, зголемувањето на единиците на вооружените сили на Украина по должина на линијата на раздвојувањето“, се истакнува во соопштението на Кремљ.
„Особено беше истакната потребата од директен дијалог меѓу Киев и претставниците на Донецк и Луганск, како и отстранувањето на финансиската и економска блокада врз Донбас“, се потцртува во изјавата на кабинетот на Путин.
Рускиот претседател, исто така, ја потврдил согласноста дека политичкото решение на украинскиот конфликт нема алтернатива и оти мора да се темели на целосното остварување на договорите од Минск, при што е важно Украина да постигне договор со Донецк и Луганск за предвидените уставни реформи, истакнуваат од Кремљ.
И во соопштението на германската влада по повод тристраниот телефонски разговор се истакнува дека главната тема била моменталната ситуација во Украина и спроведувањето на минскиот договор.
„Страните во преговорите ја истакнаа својата подготвеност да продолжат со спроведувањето на договореното во рамките на нормандискиот формат заедно со претседателот на Украина, Петро Порошенко“, истакна портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт според чија изјава „Беше изразено единство дека минскиот договор останува основа за подобрување на ситуацијата во Донбас“.
Покрај тоа, Меркел, Оланд и Путин „изразија поддршка за интензивните напори на тристраната контактна група“ чијашто цел е да се достигне целосен прекин на огнот, додава Зајберт. Според него, во текот на разговорот било укажано за се осигури безбедноста на набљудувачите на ОБСЕ, кои во минатото потпаѓаа под оган, а неодамна се пожалија дека биле попречувани во работата на териториите кои се под контрола на рускојазичните бунтовници
Меркел и Оланд истакнале дека доколку локалните избори во Украина не се одржат на целата територија во согласност со нејзиното законодавство, тоа ќе претставува „загрозување на процесот од Минск“. Со договорот од 2-ри февруари во Минск локалните избори во Донбас треба да се одржат до крајот на 2015 година, но исто така се предвидуваат и уставни реформи претходно со кои двата рускојзични регионот треба да добијат ткн „специјален статус“ односно одреден степен на автономија.
Од своја страна Елисејската палата истакнува дека Оланд и Меркел го поддржале барањето на целосен прекин на огнот во зоните на конфликтот на истокот од Украина на 1-ви септември. „Тие одлучно го поддржаа повикот за целосно прекинување на борбите од 1-ви септември поради започнувањето на училишната година“, велат од кабинетот на францускиот претседател.
Притоа се истакнува дека челниците на Франција и на Германија посочиле дека „долгорочното почитување на прекинот на огнот е неопходно“ за ублажување на патењата на цивилното населени во зоните на конфликтот. „Истовремено тоа е обврска од договорот од Минск“, изјавија од Елисејската палата.
Кабинетот на францускиот претседател прецизира дека било разговарано и за почитувањето на договорот за повлекување на тешкото вооружување од линијата на раздвојувањето. „Тие потсетија дела вистинското повлекување на тешкото вооружување и оружјето со калибар од 100 мм треба да биде завршено што е можно поскоро“, се вели уште во соопштението на Париз.
Разговарајќи за ситуацијата во Донбас, тројцата челници, исто така, ја истакнале важната улога на ОБСЕ „на сите нивоа за решавање на кризата и оти на „набљудувачите кои работата на теренот мора да им биде овозможено слободно да ги извршуваат своите задачи“.
Елисејската палата, исто така, истакна дека било разговарано за одржување на нов самит на четворката. „Претседателот на републиката, канцеларката и рускиот претседател укажаа дека новиот самит во ‘нормандиски формат’ може да биде корисен во следните неколку седмици“, истакнуваат од кабинетот на Оланд./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер: Злосторствата се толерираат на социјалните медиуми; Маск: Тиранин и предавник
Илон Маск го нарече шпанскиот премиер Педро Санчез тиранин и предавник откако објави планови за забрана на лицата под 16 години од социјалните медиуми и за сузбивање на говорот на омраза. Санчез рече дека се неопходни итни мерки за заштита на децата од она што го нарече „дигитален Див Запад“, што предизвика гнев кај сопственикот на платформата Икс, пишува The Guardian.
Dirty Sánchez is a tyrant and traitor to the people of Spain 💩 https://t.co/B3oyHrBYpR
— Elon Musk (@elonmusk) February 3, 2026
Откако Санчез ги презентираше плановите на својата влада во говорот на Светскиот самит на влади во Дубаи, Маск одговори на својата платформа Икс. „Валканиот Санчез е тиранин и предавник на шпанскиот народ“. Околу час и половина подоцна, тој дополнително ја заостри својата реторика. „Санчез е вистински фашистички тоталитарист“, рече тој.
Sánchez is the true fascist totalitarian https://t.co/b2U17fEwa7
— Elon Musk (@elonmusk) February 3, 2026
Санчез претходно го критикуваше Маск за користење на Икс за „зајакнување на дезинформациите“ за одлуката на администрацијата на Санчез да легализира 500.000 недокументирани работници и баратели на азил, истакнувајќи дека самиот Маск е мигрант.
Шпанскиот премиер вчера изјави дека се потребни итни мерки бидејќи социјалните медиуми станале „пропадната држава каде што законите се игнорираат, а злосторствата се толерираат“. Тој најави дека владата подготвува низа мерки, вклучително и забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години.
„Нашите деца се изложени на простор во кој никогаш не требало да бидат. Тоа повеќе нема да го прифатиме“, рече Санчез. „Ќе ги заштитиме од дигиталниот Див Запад“, вети тој. Предложената забрана ќе се спроведе со измена на постојниот закон за дигитална заштита на малолетници, кој се дискутира во парламентот.
Претставниците на Google, TikTok, Snapchat и Meta сè уште не ги коментираа најавените мерки. Се чини дека Шпанија и Грција, кои се исто така блиску до објавување слична забрана за лица под 15 години, ќе им се придружат на земји како Велика Британија и Франција во заземањето построг став за социјалните медиуми.
Европа
Дрон се урна во воен комплекс во Полска
Полската воена полиција истражува пад на беспилотно летало од непознато потекло кое се урна во воен комплекс на североистокот на земјата, на само неколку метри од складиште за оружје. Инцидентот, кој властите го потврдија во понеделник, се случил на 28 јануари во Вториот радиоелектронски центар во Пжасниш, град на околу деведесет километри северно од Варшава, пренесува Анадолија.
Според Радио Зет, дежурен офицер во единицата го забележал дронот како лета над базата, по што леталото ја изгубило контролата и се урнало во близина на складиштето за оружје. Војниците го обезбедиле дронот и го преместиле во воена зграда за испитување. Портпаролот на Врховниот командант на воената полиција изјавил дека воената полиција била известена и набргу потоа официјално започнала истрага, која вклучува обезбедување на леталото и земање изјави од сведоци.
Инцидентот се случува во време на растечка загриженост низ Полска и другите членки на НАТО за неовластена активност на беспилотни летала во близина на клучни инфраструктурни и воени објекти. Загриженоста се зголеми особено по руската инвазија на Украина и брзото ширење на технологијата за беспилотни летала со ниска цена.
Во Германија и балтичките држави, безбедносните служби истражуваат повторени видувања на неидентификувани дронови во близина на воени полигони за обука, пристаништа и енергетски објекти, што ги зголемува стравувањата од шпионажа и проверка на подготвеноста.
Иако засега нема индикации дека инцидентот во Пжасниш бил непријателски чин, официјалните лица не исклучуваат ниту едно сценарио, вклучувајќи грешка на операторот, технички дефект или намерно извидување. Полското Министерство за одбрана сè уште јавно не коментирало за потеклото или видот на дронот, ниту дали бил опремен со уреди за снимање или друг товар.
Европа
Сојузник на Зеленски: Украинскиот народ е исцрпен, победа е запирање на војната
Висок политички сојузник на украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на мировен договор што ќе ги стави луѓето пред територијата.
Изјавата доаѓа пред големата конференција во Украина во четврток, на која ќе се соберат гувернери и градоначалници за да разговараат за условите за мир со Русија.
Виталиј Ким, гувернер на Николаевската област и едно од имињата во подем во украинската политика, предводеше огранок на партијата „Слуга на народот“ на претседателот Зеленски на изборите во 2019 година и беше назначен за регионален гувернер од Зеленски во ноември 2020 година, објавува „Индипендент“.
Ким зборуваше пред Форумот на градовите и заедниците на фронтот во 2026 година, каде што локалните лидери ќе се обидат да се договорат што очекуваат од мировниот договор, нагласувајќи ја подготвеноста да се префрли фокусот од граничните спорови на безбедносните гаранции. Запрашан за неговите приоритети во мировниот план поврзан со Доналд Трамп, гувернерот Ким рече: „Земјата е важна, но луѓето се поважни, а ситуацијата е таква што не знаеме што носи утрешниот ден“.
Ким призна дека перцепцијата за победата се променила под тежината на долготрајниот конфликт. „За мене лично, победата се нашите граници од 1991 година, среќни луѓе кои не умираат, но сите се многу уморни“, изјави тој.
„Затоа, за украинскиот народ, мислам дека победата е едноставно запирање на војната и добивање безбедносни гаранции за иднината, за нашите деца да можат да го имаат животот што го имавме пред инвазијата. Верувам дека за повеќето од нашите луѓе, победата е враќање во животот каков што беше порано. Ова е исклучително важно за нас бидејќи помина долго време.“

