Скопје
Промовирани униформите за учениците од Општина Аеродром
Учениците од основните училишта во Општина Аеродром од септември ќе бидат облечени во иста училишна облека.
Униформите во понеделник ги промовираа градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Градоначалникот изјави дека целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во иста облека и да се навикнат на соодветен кодекс на облекување. На тој начин, основните училишта ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи, додаде тој.
Заменик-министерот Ристовски го поздрави проектот како позитивен пример за тоа како учениците ќе можат полесно да се фокусираат на воспитно-образовниот процес, наместо на изгледот и начинот на облекување и апелираше овој тренд да го прифатат и другите општини во Република Македонија.
Училишната облека се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој е извезено логото на Општина Аеродром и името на училиштето.
Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.
Трошоците за шест илјади училишни комплети ги покри Општина Аеродром.
„Со воведувањето на училишната облека се очекува да се постигне и чувство на еднаквост меѓу децата, да нема поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а од друга страна, пак, на родителите да им се намалат трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат“, порачуваат од Општина Аеродром и додаваат дека неодамна Општината направила сондажа меѓу родителите, при што тие покажале голем интерес за прифаќање на овој проект.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




