Свет
Сомнителен автомобил предизвика паника во Њујорк

Њујоршката полиција во четврток навечер и петок наутро на неколку часа го затворила сообраќајот околу Јунион сквер и Менхетен, претресувајќи сомнително возило, пренесе Reuters
Според локалните медиуми, на задните срдишта на сомнителниот автомобил граѓани забележале два сада за гас, поради што и полицијата повикала и пиротехничари.По неколкучасовна проверка, полициските екипи откако го пронашле сопственикот на автомобилот утврдиле дека нема опасност, соопштил портпаролот на њујоршката полиција.Полицискиот офицер кој бил присутен на местото на настанот, рекол дека воопшто не станувало збор за експлозивно тело, туку дека граѓанин направил нешто а не знаел дека тоа не смее да се прави.Инаку, претходно во четвртокот сојузната американска полиција во врска со неуспешниот обид за напад од 1-ви мај изврши претрес на неколку апартмани на Тајмс сквер, за што се уапсени три лица. За овој терористички обид осомничен е 30-годишниот американски државјанин со пакистанско потекло Фејсал Шахсад, кој беше уапсен два дена подоцна на меѓународниот њујоршки аеродром „Џ.Ф. Кенеди“ кога сакал да одлета за Дубаи. Истрагата утврди дека тој неколку месеци престојувал во Пакистан, каде се сомничи дека стапил во контакт со бунтовниците. За овој случај пакистанските безбедносни служби во Карачи уапсија најмалку едно лице. Фејсал е обвинет за употреба на оружје за масовно уништување и се уште е испитуван од американската полиција. Американскиот министер за правда Ерик Холдер соопшти дека САД веќе поседуваат докази дека зад неупсешниот напад стојат талибаните и Ал Каеда, кои уште следниот ден по инцидентот ја преземаа одговорноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Вашингтон шпекулира: со што ќе се појави Зеленски на средбата со Трамп – одело или тренерка?

Што ќе носи Зеленски вечерва – одело или тренерка – веќе стана тема на разговор во Вашингтон пред денешната средба со Доналд Трамп.
Да потсетиме дека во февруари, Трамп го критикуваше украинскиот претседател за тоа што не носел одело за време на нивниот состанок во Овалната соба, а потоа новинарот Брајан Глен постави прашање за тоа, обвинувајќи го Зеленски за „непочитување на Америка“.
Дописникот на Sky’s America претходно денес истакна дека облеката би можела да го одреди тонот на средбата.
Сега порталот Axios, повикувајќи се на два извори директно вклучени во подготовките, објавува дека Белата куќа ги прашала украинските претставници дали Зеленски ќе носи одело на средбата со Трамп денес.
За време на утринската средба со американскиот пратеник во Украина, Кит Келог, Зеленски носел црна кошула со кратки ракави. Но, тоа, секако, не значи дека подоцна нема да се пресоблече.
Зеленски понекогаш избира поформална облека – пример е неговата средба со холандскиот крал и кралица за време на самитот на НАТО во јуни – но од почетокот на руската инвазија во 2022 година, тој најчесто носи воени маслинести бои, сакајќи да покаже солидарност со украинските војници.
Некои ја споредија оваа практика со Винстон Черчил, кој често носел униформа за време на Втората светска војна.
Свет
Рејтингот на Трамп скокна по средбата со Путин

Рејтингот на американскиот претседател, Доналд Трамп, се зголеми по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, а повеќе од половина од американските гласачи (54 проценти) ги поддржуваат ефектите од неговата работа, според анкетата спроведена од американската агенција за истражување на јавното мислење Insider Advantage.
Се забележува дека 44 проценти немаат позитивно мислење за Трамп, додека два проценти се неодлучни, според веб-страницата на агенцијата.
Се додава дека Трамп е во водство меѓу сите возрасни групи освен меѓу најстарите гласачи.
„Ги подобри своите бројки меѓу Афроамериканците и Латиноамериканците. Белите гласачи се на речиси рекордни 64 проценти. Гласачите под 65 години сега со огромно мнозинство го одобруваат неговото работење. Генерално, поддршката за Трамп се зголемува по средбата со рускиот претседател – според анкетата.
Анкетата е спроведена од 15 до 17 август.
Свет
Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина.
„Знам точно што правам“, рече Трамп.
За време на неговиот втор мандат, Трамп постојано се претставуваше како „главен миротворец“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на светските конфликти. Во нова објава на социјалните мрежи, тој повторно се осврна на начинот на кој медиумите ја следат неговата администрација:
„Решив 6 војни за 6 месеци, од кои една се закануваше со нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека правам сè погрешно во врска со руско-украинскиот неред“, напиша Трамп.
Во објавата, тој повторно го обвини претседателот Џо Бајден дека ја започнал војната во Украина.
„Наречете ме како сакате – мајстор миротворец, реалист, личност што размислува сама за себе – но јас точно знам што правам. Решив 6 војни за 6 месеци, една од нив можеше да заврши со нуклеарна катастрофа. Сепак, морам да читам и слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека правам сè погрешно во врска со руско-украинскиот неред. Ова се сите истите луѓе кои тврдеа дека Бајден знае што прави. Погледнете каде нè одведе! Да не беше Бајден, никогаш немаше да има војна каква што има.“