Македонија
МВР предложи продолжување на рокот за нови лични карти до 2012
Министерството за внатрешни работи(МВР) ја одобри иницијативата на Народниот правобранител за продолжување на рокот за замена на старите лични карти со нови.
Министерството за внатрешни работи(МВР) ја одобри иницијативата на Народниот правобранител за продолжување на рокот за замена на старите лични карти со нови.
Доколку бидат прифатени измените во Законот за лични карти тоа значи дека граѓаните на Македонија ќе можат да ги заменат личните документи заклучно со 2012 година, освен во случај важноста да им истече порано.
Граѓаните чии лични карти ќе истечат во меѓувреме, а не успеале навреме да аплицираат за нови, МВР ќе им излезе во пресрет преку закажување на посебни термини, се вели во соопштението на министерството.
Ваквата одлука на МВР, освен врз оценките на Народниот правобранител, се темели и на новонастанатата ситуација со грипот Х1Н1 која оневозможува многу граѓани навреме да ги заменат старите лични карти со нови.
Дополнителна мешаница во пасошкото одделение на МВР каде се аплицира за нови лични документи, предизвика и веста за укинувањето на визите за македонските граѓани, каде нагло се зголеми бројот на апликанти за нови биометриски пасоши./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

