Спорт
WTCC: SEAT освои значајни бодови во Брно
Тимот на SEAT Sport постигна одлични резултати за време на шестата трка од WTCC шампионатот која се одржа во Брно овој викенд, со освојување на три позиции на победничкиот подиум
Уште еднаш одличниот тимски дух овозможи да се постигнат одлични резултати, а Иван Милер успеа да ја заврши трката како второ пласиран, додека Габриеле Тарквнини и Тијаго Монтеиро беа трето пласирани, овозможувајќи му на SEAT одлични резултати и задржување на лидерската позиција во табелата на возачи и конструктори каде што шпанскиот бренд се наоѓа уште од самиот почеток на шампионатот.Рикардо Рудел освои бодови на крајот од првата и на крајот од втората трка, завршувајќи на четвртата и шестата позиција, додека, пак, Хорди Гене за време на ова трка имаше несреќен случај. Поради овој случај, шест возила останаат надвор од трката, овозможувајќи му на Иван Милер да дојде до третата позиција. Како и да е, францускиот возач го имаше оштетено неговото возило, поради што Тарквини и Рудел се здобија со шанса да се пласираат на крајот од трката како трето и четвртопласирани, веднаш по возачите на BWM, Алекс Занарди и Јорг Милер. Во текот на втората трка, Иван Мулер и Тијаго Монтеиро стартуваат од одлични позиции, благодарение на тимската работа, поради што беа во можност да се најдат на втората и третата позиција веднаш по Серхио Хернандез од BMW. Пласманот на четвртата позиција беше многу неизвесен, бидејќи четири возачи се бореа за пласманот – Мулер, Занарди, Тарквини и Рудел. Возачите на SEAT се пласираа на петтата и шестата позиција, освојувајќи значајни поени за генералниот пласман на SEAT во шампионатот. И покрај евидентната техничка неповолна состојба на SEAT León TDI за време на трката во Брно поради лимитирниот турбо притисокот на 2.7 барели, крајот на трката беше со позитивни резултати за SEAT, имајќи предвид дека Иван Мулер и Габриеле Тарквини се лидери на табелата на возачи, а SEAT е лидер на табелата на конструктори.Следната трка од WTCC шампионатот ќе се орджи во Порто, Португалија на 4 и 5 јули.Табела:Прва трка:1.Zanardi (BMW) 29.26.496 2.Müller (BMW) + 1.848 3.Tarquini (SEAT) + 4.831 4.Rydell (SEAT) + 5.105 5.Hernández (BMW) + 5.303 6.Monteiro (SEAT) + 7.250 7.Porteiro (BMW) + 7.847 8.Muller (SEAT) + 9.915 9.Coronel (SEAT) + 10.814 DNF: Gené (SEAT)Втора трка:1.Hernández (BMW) 22.13.734 2.Muller (SEAT) + 2.316 3.Monteiro (SEAT) + 4.114 4.Porteiro (BMW) + 4.280 5.Tarquini (SEAT) + 7.232 6.Rydell (SEAT) + 7.857 7.Muller (BMW) + 8.902 8.Priaulx (BMW) + 8.852 9.Coronel (SEAT) + 10.369 11.Gené (SEAT) + 12.501Генерален пласман на конструктори: 1.SEAT, 161. 2.BMW, 153. 3.Chevrolet, 103. 4.Lada, 45Генерален пласман на возачи:1.Muller, 66. 2.Tarquini, 56. 3.Farfus, 54. 4.Müller, 41. 5.Rydell, 38. 6.Priaulx, 36. 7.Huff, 32. 8.Hernández, 29. 9.Gené, 24. 10.Monteiro, 22.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

