Забава
Британска тинејџерка пие шише вотка и осум лименки пиво дневно
Една 17-годишна Британка тврди дека пие по еден литар вотка и по осум лименки пиво секој ден, за што го троши поголемиот дел од својата заработка.
Џејми-Ли Деј тврди дека повеќе се радува кога купува вотка отколку храна, а лекот Апсинт го пие како вода. Нејзиниот трагичен случај беше обелоденет при подготовката на една нова студија која покажува дека во последните две години двојно е зголем бројот на жени кои редовно конзумираат алкохол.Џејми-Ли, кој потекнува од едно место во јужен Велс, тврди дека под влијание на алкохол учествувала во многу насилни пресметки. Поради проблемот со алкохолот таа го напуштила и училиштето.- Чувствувам вина, но ми треба алкохол затоа што поинаку не можам да се носам со животните проблеми. Понекогаш заради алкохолот сум насилна, а понекогаш само плачам, додава таа.Алкохол прв пат пробала на 12 години.- Мајка ми секогаш ми забрануваше алкохол, но една вечер мој пријател украде шише со рум од своите родители, па пиевме во паркот. Сакавме да видиме како е да бидеш пијан, се присетува Џејми-Ли.На 15-годишна возраст почнала редовно да конзумира жестоки алкохолни пијалаци, затоа што, како што вели, од нив најбрзо се опијанува. Еднаш така пијана учествувала во тепачка и завршила во болница со исекотини на лицето.- Родителите и пријателите беа многу загрижени. Кога се разбудив реков никогаш повеќе. Но, набрзо откако ја напуштив болницата му се вратив повторно на шишето, признава Џејми-Ли.Експертите сметаат дека зголемувањето на бројот на жени кои конзумираат алкохол е поврзано со нивните тенденции за независност, за поголема слобода и за живење сами. Во студијата се тврди дека жените пијат повеќе вино отколку мажите, затоа што тоа е поевтино, а процентот на алкохол во него е се поголем. Жените почесто пијат дома и неумерено конзумираат алкохол, при тоа негледајќи ништо проблематично во таквите појави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.
Забава
Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес
Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.
Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“
Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.
“Дали УДБА преку искористување на Цеца со бугарско знаме во Велес, се обидува да го
опструира приближувањето на официјални Софија и Скопје околу т.н. француски предлог?”Утринско ВасКафе ☕️😄 pic.twitter.com/Pn5kmq1Wcq
— Далибор 🇲🇰 (@Pobeda2024) November 1, 2025
Цеца за Hallowen се преправи во бугарка 👻
— elizabethand (@eliza_and_beth) November 1, 2025
Колку од тие што и свиреле на Цеца се со бугарски пасош? Зна ли се шта?
— Iv0P0p Sivi 🦅 (@IvoPop_) November 1, 2025
И цеца не влезе во устав.
— Робин Луд (@vladimirmk) November 1, 2025
Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

