Контакт

Забава

Поради грипот Американците помалку се бакнуваат и прегрнуваат

Објавено пред

Секој десетти жител на САД престанал да се бакнува и прегрнува со блиските пријатели и роднини поради страв од зараза

Истражувањето на американскиот Универзитет Харвард покажа дека Американците поради грипот А помалку се бакнуваат и прегрнуваат.Според истражувањето, секој десетти жител на САД престанал да се бакнува и прегрнува со блиските пријатели и роднини поради страв од зараза од таа болест. Приближно исто толку Американци повеќе не се поздравуваат со познаниците.Здравствените власти како мерки за спречување на ширење на грипот, истакнуваат миење на рацете и дезинфекција на рацете. Истражувањето покажа дека тоа го прават две третини од Американците.Телефонската анкета во која се испитани 1.000 луѓе ја спроведе Факултетот за јавно здравство на Харвард, со финансиска помош на Центарот за контрола и превенција од болеста.Според податоците на оваа установа, до петокот во САД се регистрирани 1.600 случаи на грипот А



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Викторија Бекам, поради една објавена фотографија на „Инстаграм“, стана лоша мајка

Објавено пред

Викторија Бекам на својот инстаграм-профил постави фотографија на 7-годишната ќерка Харпер, која во рацете држи мало зајаче. Иако малечката Харпер и симпатичното бело зајаче добија речиси половина милион допаѓања на „Инстаграм“, Викторија беше критикувана од многумина за зајачето, а некои отидоа толку далеку што ја нарекоа лоша мајка.

„Не поттикнувајте дарување зајаци за Велигден, премногу тажни приказни ќе има на крајот“, „Се прашувам што ќе се случи со кутрото зајаче по Велигден?“, „Одвратно, дали ќе заврши во тенџере?“, „Лоша фотографија и лош пример“, се некои од коментарите на огорчените следбеници.

View this post on Instagram

Girl power xxx ✨✨✨✨

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Љубителите на животните се загрижени за пилињата, патчињата и зајачињата што родителите им ги подаруваат на своите деца овие денови и се прашуваат што ќе биде со животното кога Велигден ќе заврши.

Прикажи повеќе...

Естрада

Свештеник ja обвини Селин Дион за сатанизам бидејќи бебињата ги облекува во черепи

Објавено пред

Големата музичка дива Селин Дион (51) е обвинета дека е сатанистка откако ја лансира својата линија на детска облека наречена „CELINUNUN”.

На интернет-страницата таа ја претстави својата колекција како облека која ги ослободува децата од традиционалните улоги на момчиња и девојчиња и им овозможува да растат со вредностите на еднаквост и слобода.

Бројни следбеници на социјалните мрежи, како и свештеник, поточно егзорцист, ја обвинија пејачката дека е сатанист и ги повикува демоните.

„Освен што облеката е исклучително грда, таа е морам да признаам и вознемирувачка. Бебе носи кошула на која има череп. Јакната изгледа како кеса за ѓубре. На некои маички, исто така, се гледаат очите на илуминатите. Ова е сатанска детска кампања“ – вели свештеникот во интервју за „Национален католички регистар“.

Свештеникот ја обвини Дион дека на маиците индиректно ги прикажува окултните симболи, а на еден чифт фармерки го имаше бројот три, на други бројот шест.

„Ова е симбол на сатанизмот. Три шестки или 666 се броеви кои се поврзувани со сатаната со векови. Облеката не е соодветна за возрасни, а камоли за деца“, додаде свештеникот.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер на „Инстаграм“ објави селфи без шминка

Објавено пред

Минатиот викенд таа го помина со момчето Травис Скот на фестивалот „Коачела“, но сега најмладата членка на кланот Кардашјан-Џенер ја очекува лансирање нов мирис. Засега датумот на презентирање на новиот парфем не е познат бидејќи Ким објави дека примероците за тестирање не го поминале овој процес.

Кајли минатата година призна дека ги извадила филерите од усните, а фотографијата без шминка предизвика одушевување меѓу нејзините обожаватели.

View this post on Instagram

happy hump day🤪

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

„Ми се допаѓаш без шминка, изгледаш преубаво и јас би сакала да имам пеги“, напиша една обожавателка.

Филерите Кајли ги вгради кога имаше само 16 години.

„Имав навистина тенки усни и по еден од првите бакнежи, момчето ми рече дека не мислел дека ќе се бакнувам добро бидејќи имам многу мали усни. Тешко ми беше, не се чувствував убаво, ниту пожелно“, се пожали таа во семејното шоу.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201913 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија15 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија16 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201916 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија17 часа

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија19 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет20 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет21 час

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет23 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија23 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет23 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа23 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет2 дена

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија2 дена

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија2 дена

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие