Свет
НАТО ќе продолжи со нападите заради заштита на цивилите во Либија

НАТО во понеделникот соопшти дека го има предвид предлогот на Африканската унија за воспоставување примирје во Либија, но дека останува уште и да прими официјално барање, истовремено најавувајќи дека ќе ги продолжи нападите врз силите на Гадафи се’ додека тие ги загрозуваат цивилите
Претседателот на Јужноафриканската република, Џејкоб Зума го повика НАТО да ги сопре воздушните напади врз силите на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи „за да му се даде шанса“ на примирјето, откако либискиот водач го прифати планот за запирање на судирите во Либија што вклучува и прекинување на огнот од двете страни. Генералниот секретар на алијансата, Андрес Фог Расмунсен изјави дека „го нотирал“ предлогот на Африканската унија за воспоставување на прекин на огнот, но на прес-конференцијата истакна дека „се’ уште не примиле формално барање во врска со спроведување на какво и да е примирје“. Расмунсен додаде дека владата на Гадафи и во минатото најавуваше примирје „но не ги одржа своите ветувања“ , како и дека секое примирје бара ефективни механизми за надзор. „Секое примирје мора да биде веродостојно и треба да може да биде верификувано. Неопходно е да дојде до целосно запирање на насилствата и до целосно запирање на сите напади и злоставувања на цивилите“, додаде првиот човек на Алијансата.Уште во понеделникот наутро, од НАТО изјавија дека ситуацијата во овие Аџдабија и Мисрата е „безнадежна“ и вети продолжување на бомбардирањата за намалување на вооружената моќ на единиците лојални на Гадафи.Како што во неделата доцна навечер изјави јужноарфринаксниот претседател Зума, Гадафи ги прифати мировните насоки за мирна разрешница на судирите во Либија на предлог на делегацијата на Африканската унија.Во Триполи вчера беше одржан состанокот меѓу Момер ел-Гадафи и делегацијата. Делегацијата на Африканската унија допатува во Либија за да издејствува прекин на судирите во кои животите ги изгубија најмалку 23 лица во саботата во Аџдабија и Мисрата, како што известија бунтовнички и медицински извори. Полковникот Гадафи ја прими делегацијата на Африканската унија во шатор во неговата резиденција Баб ал-Азизи. Делегацијата ја сочинуваат претседателите на Јужноафриканската република, Мали, Мавританија и конго, како и министерот за надворешни работи на Уганда.Во текот на изминатата ноќ Зума издаде куса изјава за медиумите во која наведува дека „делегацијата на братот лидер ги прифати мировните насоки коишто ги предложивме“ и повикуваа „НАТО да ги стопира воздушните напади за да му се даде шанса на прекинот на огнот“.Меѓутоа, претставникот на раководството на либиската опозиција во странство, Гума ал Гамати, изјави дека бунтовничките сили нема да прифатат никаков договор во кој Гадафи и неговите синови остануваат на функциите. Либиската опозиција и бунтовниците од почетокот на судирите како главен услов за прекинување на непријателствата го поставија повлекувањето на Гадафи што овој го одби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.