Спорт
Раиконен на местото на Вебер во Ред Бул?

Германскиот весник „Билд“ тврди дека Кими Раиконен, светскиот шампион во Ф1 од 2007 година, може да го замени Марк Вебер во екипата на Ред Бул.
Германскиот весник „Билд“ тврди дека Кими Раиконен, светскиот шампион во Ф1 од 2007 година, може да го замени Марк Вебер во екипата на Ред Бул. Тврдењата на весникот доаѓаат по само два дена откако Вебер ги игнорираше тимските наредби, во последните кругови да не се обиде да го претекне клубскиот колега Себастијан Фетел. Кими Раиконен Ф1 ја напушти во 2009 година, а весникот тврди дека неговото враќање и тоа токму во Ред Бул е строго чувана тимска тајна. Од весникот наведуваат дека информацијата ја добиле од челниците на тимот. Инаку Раиконен и Фетел се добри пријатели и кога се во Швајцарија времето го минуваат заедно, во една прилика на прашањето кого го посакува за тимски колега, Фетел без размислување одговори – Раиконен. Можноста за негово враќање во Ф1 ја подгрева и неодамнешната изјава на Раиконен дадена за финските медиуми, во која вели дека никогаш не рекол дека ја завршил кариерата во Ф1. крај/билд/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Шумарите“ подготвени да го урнат клупскиот рекорд

Нотингем Форест не се шегува. Откако клубот продаде неколку важни фудбалери, ја започна кампања за купување, со цел да остане на врвот на Премиер лигата следната сезона и да се претстави во Европа на вистински начин.
Клубот е во завршни преговори за трансферот на ред Џејкоб Ремзи од Астон Вила.
Трансферот би можел да се реализира за сума од 58.000.000 евра, со Ремзи би станал најскапото засилување во историјата на клубот.
Според британските новинари, се очекува сите детали од трансферот да бидат финализирани во следните неколку дена, по што Ремзи ќе помине медицински прегледи и официјално ќе стане член на Форест.
Фото/Принтскрин
Спорт
Вардар го дозна противникот во 3.коло

Вардар го дозна името на противникот во третото квалификациско коло, во Конференциската лига. Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира Лозана, во третото коло ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).
Првиот меч од втората рунда, против Лозана,Вардар ќе го одигра в четврток во Скопје. Реваншот во Швајцарија на програмата е на 31 јули.
Во третата рунда, Вардар исто така би бил домаќин на првиот натпревар (7 август).
Фото/ ffm.mk
Спорт
Де Брујне сепак нема да ја носи „десетката“ во Наполи

Кевин Де Брујне, сепак, нема да го носи бројот „десет“ во Наполи. Белгиецот ќе го носи бројот единаесет.
Клубот од Неапол го повлече бројот пред пет години во чест на легендарниот Диего Марадона.
Доаѓањето на Де Брујне го покрена прашањето кој број ќе го носи. Во Манчестер сити, тој го носеше бројот 17 цела деценија, но во Наполи му припаѓа на Матијас Оливера.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од Де Брујне како носи број 10 на тренингот на Наполи. Во едно видео, еден од тренерите на Наполи може да се види како му дава на видливо збунетиот Белгиец дрес со број 10, кој одбива да го прифати.
„Не грижи се, тоа е само за тренинг“, рече помошникот тренер.
Де Брујне го доби дресот со број единаесет што го носеше неговиот соиграч од Белгија, Ромелу Лукаку, минатата сезона.
Лукаку го зеде бројот девет од Ноа Окафор, кој се врати во Милан по позајмица.
Фото/ Принтскрин