Европа
Ирците на референдумот го одобрија европскиот фискален договор
Ирците со 60,3 отсто гласови го одобрија европскиот фискален договор на плебисцитот, објави во петокот претставничката на изборната комисија Риона Ни Флангхајл,
За договорот со „да“ гласале 955.091 гласач, наспроти 629.088 коишто гласале против на референдумот на кој Ирците ги повика премиерот Енда Кенеди, потсетувајќи дека тоа претставува нивна должнсот.
„Станува збор за голема доверба. Така тоа ќе биде гледано од странство“, реагираше ирската министерка за социјална грижа Џоан Бартон, директорка на кампањата за референдумот во лабуристичката партија, која е членка во владината коалиција.
Ирска е единствената земја Европската унија којашто организираше референдум за европскиот буџетски договор, кој предвидува строги мерки за штедење, во спротивно се закануваат санкции. Победата на противниците на договорот немаше да го спречи применувањето на текстот на договорот, кој треба да биде ратификуван 12 од 17-те земји на еврозната за да стапи на сила, но би испратил многу негативна порака во периодот кога во еврозната беснее должничката криза.
Земјите коишто ќе го ратификуваат договорот ќе може да добијат помош од Европската унија доколку се најдат во тешкотии прекуи Европскиот механизм за стабилност, кој ќе стапи на сила во јули.
Ирска е единствената земја којашто одржа национален плебисцит за фискалниот договор, кој го потпишаа 25 од 27-те земји членки на Европската унија, освен Велика Британија и Чешката Република, па овие резултати со големо внимание се следат во другите земји членки. За да стапи на сила, фискалниот пак кој целосно го носи називот Договор за стабилност, координација и управување во Економската и монетарната унија, мора да го ратификуваат 12 од 17-те членки на еврозоната.
Надворешниот долг на Ирска во моментов изнесува на 2,4 трилиони долари, а земјата е многу зависна од средствата што ги добива од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Доколку биде ратификуван договорот за буџетската стабилност, долгот нема да биде избришан, односно Даблин ќе мора да продолжи да воведува мерки за да го намали. Меѓутоа, истовремено со тоа Ирска, којашто беше меѓу најтешко погодените земји во периодот на колапсот на банкарскиот систем во 2008 година, во случај на нова криза ќе може да смета на надворешна финансиска помош од Механизмот за финансиска стабилност (ISF).
До 2014 година, Ирска се надева дека ќе се врати на меѓународните кредитни пазари, но тоа не е гаранција дека овојпат ќе биде во можност тоа да го стори без меѓународна поддршка. Така, резултатите од референдумот ќе бидат клучни за спроведување на овие планови.
Според одредбите од документот, за надминување на буџетскиот дефицит на земјите за повеќе од 3 отсто од БДП-то, се воведува автоматски систем на санкции до 0,1 отсто од БДП-то. Средствата собрани од земјите на еврозоната, ќе бидат внесени во постојаниот Механизам за финансиска стабилност (ISF).
Договорот, исто така, предвидува и воведување правила за ткн балансиран буџет, што претполага практично буџетскиот дефицит да е на нула или суфицит во која и да е од земјите членки на ЕУ. Нема да се смета дека одредена држава го прекршила договорот, доколку годишниот структурен дефицит не надминува 0,5 отсто од БДП-то според пазарните цени. Во случај на нарушување на ткн „златно правило“, ќе се покрене автоматскиот корективен механизам, за секоја земја посебно.
Фискалниот пакт прва во март го ратификуваше Грција, а по неа во април Португалија и Словенија, и во мај Романија. Процесот на ратификација на договорот е во тек во Шведска, Данска, Шпанија, Италија, Полска и Латвија (Летонија). Сѐ уште не е познат датумот на неговата ратификација во Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Естонија, Финска, Унгарија, Литванија, Луксембург, Холандија и Словачка. Во ниту една од овие земји не се очекуваат проблеми, иако ратификацијата во Белгија ќе потрае, бидејќи согласноста мора да ја дадат сојузниот и петте регионални парламенти.
Како потенцијално проблематични се сметаат ратификациите во Франција и Германија.
Францускиот претседател Франсоа Оланд стравува дека пактот ќе воведе трајно штедење. Во текот на неговата предизборна кампања тој се залагаше за нови преговори за фискалниот пакт за потоа да изјави дека би можел да се согласи на додатоци во вид на одредби за поттикнување на економскиот раст.
Кога, пак, станува збор за Германија, пактот бара измени на уставот на државата, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство во долниот дом од парламентот, што подразбира и гласови од опозицијата. Проблемот е во тоа што социјалдемократите во замена за поддршката бараат отстапки, на пример воведување мерки за поттикнување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Експлозија на руски танкер во Црното Море: постои ризик од потонување
Рускиот танкер „Каирос“, кој е под санкции, беше оштетен во експлозија во близина на Босфорскиот теснец во Црното Море во петокот. Бродот е поврзан со таканаречената „флота во сенка“ на Москва, која се користи за избегнување на западните санкции врз рускиот извоз на енергија, објави Ројтерс.
Турското Министерство за транспорт и инфраструктура соопшти дека „Каирос“ пријавил „надворешен удар“ додека бил на пат кон руското пристаниште Новоросијск, 28 наутички милји од турскиот брег. Експлозијата предизвикала пожар во машинската просторија на бродот, а турските спасувачки служби започнале операција за евакуација на 25 членови на екипажот.
An explosion and fire broke out in the engine room of the Gambian-flagged tanker Kairos while it was sailing in ballast about 52 miles north of the Bosphorus in the Black Sea, shipping agency Tribeca said. pic.twitter.com/Hvp8Ov4j5r
— Levent Kemal (@leventkemaI) November 28, 2025
Според агенцијата за бродски превоз „Трибека“, „Каирос“ можеби удрил во мина и е во опасност да потоне. Спасувачки влекачи и крајбрежната стража беа испратени на местото на настанот за да обезбедат помош.
Извор за Ројтерс изјави дека друг танкер, „Вират“, исто така претрпел експлозија во Црното Море. И двата брода се на списокот на санкционирани бродови поврзани со руската „флота во сенка“.
Европа
(Видео) Украинците уништија руски систем за воздушна одбрана вреден 60 милиони долари
Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала.
Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената разузнавачка служба (ХУР), погодиле три важни цели: системите Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2.
Уништените системи се меѓу највредната руска опрема на бојното поле.
Европа
(Видео) „Ризикуваме да изгубиме сè“: драматичен говор на Зеленски по падот на вториот човек на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук за прв пат по оставката на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот лидер.
Како што нагласи на самиот почеток, „Русија едвај чека Украина да прави грешки“.
– Ние нема да ги правиме. Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да не успееме, немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина. Мора да стоиме заедно. Мора да издржиме. Нема друг избор. Никогаш нема да има друга Украина. Ние ја браниме Украина. Слава на Украина! – рече Зеленски.
Зеленски денес објави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка.
– Прво: Канцеларијата на претседателот на Украина ќе назначи ново лице на чело – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка – рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Тој му се заблагодари на Јермак за неговата досегашна работа и рече дека утре ќе одржи консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет, пренесува УНИАН.

