Европа
Напаѓачите во Германија примале упатства од Саудиска Арабија
Напаѓачите кои во јули изведоа терористички напади во Германија непосредно пред тие напади преку интернет примале упатства од припадниците на радикалната сунистска организација Исламска држава од кои некои се наоѓале и во Саудиска Арабија, пишуваат во саботата германските медиуми повикувајќи се на извори во Сојузното биро за борба против криминалитетот (BKA).
Двајцата напаѓачи, 17-годишен бегалец од Авганистан кој на 18-ти јули во локален воз во Баварија со нож и секира тешко повреди пет патници а потоа беше убиен од полицијата, како и 27-годишниот сириски бегалец кој се разнесе со бомба обидувајќи се на да влезе на музички фестивал на кој имаше 2.500 луѓе, исто така, во Баварија, кусо пред нападите примиле преку интернет комуникација преку сервисот „чат“, упатства од лица од Блискиот исток, во прв ред од Саудиска Арабија.
На напаѓачот, непознато лица за коешто се претпоставува дека е припадник на Исламската држава, му препорачала да изведе напад со автомобил односно да се залета со возило во маса луѓе на што младиот бегалец одговорил дека не знае да управува со автомобил, па затоа се решил за напад со нож и секира врз патници во воз.
Сириецот, 27-годишен, кој ден потоа се разнесе на влезот од еден концерт во градот Анбах и притоа повреди 15 лица, исто така, примал упатства преку веб чат.
Според таа комуникација, како што пишува Spiegel Online, напаѓачот експлозивната направа требало да ја остави во публиката на концертот, а тој самиот за пропагандни цели на Исламската држава требало да го снима тој напад, Според овие сознанија, за коишто BKA повикувајќи се на тоа дека истрагата уште е во тек не сака да коментира, бомбата во ранецот на сирискиот напаѓач експлодирала случајно.
Сириецот, кој минатата година како бегалец пристигнал во Германија, и кому му било одбиено барањето за азил, очигледно планирал нови напади, бидејќи при претресот на неговиот стан се пронајдени делови од уште една експлозивна направа,
Саудиска Арабија на германските институции им понудила помош при откривањето на лицата кои од оваа земја комуницирале со напаѓачите во Германија., „Ќе сториме сé за да ја расветлиме заднината на овие случаи“, им порачала саудиската влада на германските власти, според пишувањето на Spiegel.
Факт е дека двајцата напаѓачи во Германија дошле како бегалци, и што и двајцата биле претходно регистрирани во една од земјите на Европската унија, во Унгарија и во Бугарија, па според тоа воопшто не смееле да престојуваат во Германија, дополнително ја заостри дискусијата околу бегалците,
Според најновите испитувања на јавното мнение на јавниот сервис ARD, популарноста на канцеларката Ангела Меркел, е во остар пад токму поради политиката на отворени врати за имигрантите и бегалците на која таа и натаму е упорна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар
Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.
Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.
Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.
Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.
Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.
фото: принтскрин
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Бурата Клаудија ја пустоши Европа, неколку земји најтешко погодени: маж загина додека спасуваше сосед
Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција десетици пожарникари бараат човек што беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.
Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето на нивото на реката пензионер слегол долу за да го премести својот автомобил. Сепак, возилото било однесено од ненадејните поплави, а сопственикот исто така паднал во водата. Веднаш била почната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој сè уште да е жив се исклучително мали.
Un septuagénaire a été emporté par une rivière en crue en Ardèche alors placé en vigilance orange pluie inondation. Seule la carcasse de sa voiture a été retrouvée. Plus de 110 sapeurs-pompiers et gendarmes sont mobilisés pour le retrouver.
🎥 @AlexMuffon 🎙️@TPallordet pic.twitter.com/IcZ4ykNrfj
— M6 Info (@m6info) November 17, 2025
Проблеми се појавија и во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. Во тоа место за два дена паднала двомесечна количина дожд.
Во регионот Фриули во Италија еден рид се урна и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.
17.11.2025#Italy
A state of emergency has been declared in the Friuli-Venezia Giulia region due to flooding and landslides.A landslide washed away three houses in Brazzano di Cormons. 150 mm of rain fell. Homes and infrastructure were flooded.There are fatalities.@vigilidelfuoco pic.twitter.com/AdMH2C0lse— Climate Review (@ClimateRe50366) November 17, 2025
Во целиот регион неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите каде што се засолниле.
фотo: принтскрин

