Свет
Качински важеше за конзервативен но некорумпиран лиде

Полскиот претседател кој утриво загина во авионска несреќа е човек со богата активност кој важеше за конзервативен и едне од ретките некорумпирани источно-европски политичари пишува Reuters
Качински беше избран за претседател на Полска во 2005 година како кандидат на Партијата на право и правда предводена од неговиот брат близнак Јарослав Качински.Пред да стане претседател, од 2002 до 2005 година Качински беше градоначалник на Варшава.Политичката кариера ја започнува заедно со својот брат Јарослав во 1990 година кога застанува зад херојот на синдикалното движење „Солидарност,“ Лех Валенса и подоцна е назначен за Шеф на агенцијата за националната безбедност, а потоа и за Министер за правда во владата на Јержи Бузек.Лех Качински за време на својот мандат го именува својот брат близнак Јарослав за Премиер.Качински беше познат како конзервативен лидер кој постојано ја критикуваше економско либералната влада на Доналд Туск и ставаше вето на законите за кои веруваше дека ќе им наштетат на националните вредности на Полска.Лех Качински е роден во јуни 1949 година, а уште како деца заедно со својот брат и стануваат познати на полската јавност како децата бељаџии во серијата „Двојката која ја ограби месечината“ снимена во 1962 година. Во авионската несреќа загина и сопругата на полскиот претседател Марија Качинска, а зад себе ја оставија триесетгодишната ќерка Марта.Качински важеше за некорумпиран политичар, кој за разлика од повеќето пост-комунистички политичари, никогаш не се бореше за лична полза од политиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Патници скокаа од крилата на авион поради лажна тревога за пожар

На пистата на аеродромот Палма де Мајорка рано утрово се случи инцидент на летот на „Рајанер“ за Манчестер. Поради лажна пријава за пожар, авионот беше евакуиран, а 18 лица беа полесно повредени, потврдија локалните власти.
Инцидентот се случил во саботата во 00:30 часот. Службите за итни случаи добиле пријава за пожарот во авионот што бил на постојката, а според порталот „Кроника Балеар“, противпожарни екипи и работниците за итни случаи веднаш биле испратени на терен.
Шест патници биле пренесени во болница за дополнителни прегледи – тројца во клиниката Ротгер, а тројца во болницата Палмапланас. Другите беа згрижени на местото на настанот со полесни повреди, како што е истегнување на зглобот.
Ryanair 737-800 evacuated at Palma de Mallorca Airport after a fire indication developed on board during taxi.
The SAMU061 coordination center received a call at a.m, reporting a fire on flight RK3446 to Manchester.
A total of 18 people were injured during the evacuation, six… pic.twitter.com/XpCCejGq2t
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 5, 2025
Локалната цивилна гарда и пожарникарите на аеродромот помогнаа во евакуацијата на патниците, од кои некои сами скокнаа од авионот преку крилата за да се оддалечат од авионот што е можно поскоро.
Рајанер потврди дека полетувањето е откажано поради лажно предупредување за пожар.
„Летот од Палма до Манчестер на 4 јули не полета поради лажна индикација за пожар. Патниците беа евакуирани и вратени на терминалот“, изјави портпаролот на Рајанер.
„При излегување од авионот, неколку патници беа полесно повредени, па екипажот веднаш побара Итна медицинска помош. За да ги намалиме доцнењата, брзо организиравме заменски авион кој полета од Палма во 07:05 часот утрово.“
„Искрено им се извинуваме на сите патници за непријатностите што ги доживеаа“, додаде авиокомпанијата.
Свет
(Видео) Украинците погодија магацин за оружје на руски воен аеродром, снимен напад со дрон

Украинските специјални сили извршија напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск, кој се наоѓа во регионот Воронеж, објави украинската армија на социјалните мрежи.
Во нападот, според нивните изјави, биле погодени магацин со бомби и авион за обука.
Russian Telegram channels report an attack on a Russian airfield in Borisoglebsk and Progress plant in Cheboksary where EW components are made. pic.twitter.com/UOfSHaqe6I
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 5, 2025
Тие исто така додадоа дека постои можност да бидат оштетени и други авиони, но без дополнителни детали.
Овој аеродром се користи како база завиони од типот Су-34, Су-35С и Су-30СМ, се вели во соопштението.
Свет
(Видео) Огромни поплави во Тексас, 24 мртви, 25 деца се водат за исчезнати

Најмалку 24 лица се мртви, а десетици се водат за исчезнати, вклучувајќи 25 деца, откако вчера поплави погодија делови од централен Тексас. Исчезнувањето на околу 25 девојчиња кои беа во летниот камп го потврди вицегувернерот Ден Патрик. Досега се спасени повеќе од 237 лица.
„Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи за 8 метри и имаше катастрофална поплава – одземајќи имот, а за жал и животи“, рече Патрик на прес-конференција во петокот.
Тој прочита изјава од Камп Мистик, во кој живеат околу 700 деца, во која се вели дека има „катастрофално ниво“ на поплави и им кажува на родителите дека ако не се контактирани, тоа значи дека нивното дете е наведено како безбедно.
BREAKING: 20 children are missing in the Texas Hill Country flash flood.
Praying for the best.
This is not a time to be defunding weather research and NOAA. pic.twitter.com/VpUpnAylKk
— Brian Krassenstein (@krassenstein) July 4, 2025
„Тоа не значи дека децата загинале. Можно е да се надвор од домет“, додаде заменик-гувернерот, кој е вршител на должноста гувернер додека Грег Абот е на одмор.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше за поплавите утрово. „Ужасно е“, рече тој, додавајќи дека поплавите се „шокантни“.
Поради сериозноста на ситуацијата, прогласена е вонредна состојба во некои области. Спасувачките операции и евакуациите се во тек од раните утрински часови, а властите предупредуваат дека може да има понатамошни поплави, дури и ако дождот не е обилен.
„Дури и со слаб дожд, можни се повеќе поплави“, рече вршителот на должноста гувернер Ден Патрик.
🚨 BREAKING: MULTIPLE DEAD IN CATASTROPHIC TEXAS FLOODING: EVACUATIONS UNDERWAY
The Guadalupe River has now reached its 2nd highest flood stage ever, unleashing a deadly wave overnight and swallowing entire towns in Central Texas.
Kerr County officials are calling it… pic.twitter.com/vcP4vOMZDJ
— HustleBitch (@HustleBitch_) July 4, 2025
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, рече дека државата ги обезбедува „сите потребни ресурси за Кервил, Инграм, Хант и целиот Тексас Хил Кантри кој се соочува со оваа катастрофална поплава“.
Погодената област од поплавата се наоѓа северозападно од градот Сан Антонио. Снимките од терен покажуваат ненадејни поплави кои ги преплавија мостовите и патиштата, а брзо движечката вода носи сè пред себе.
„Ве молам, не ризикувајте. Бидете внимателни, слушајте ги локалните предупредувања за вонредни ситуации и никогаш не возете низ поплавени патишта“, рече комесарот на Министерството за земјоделство на Тексас, Сид Милер.
Канцеларијата на шерифот на округот Кер го опиша настанот како „катастрофална поплава“ и потврди дека имало жртви. На граѓаните што живеат во близина на потоци, речни текови и реката Гвадалупе им беше советувано веднаш да се евакуираат на повисоки места.
Фото: принтскрин