Свет
Одбиена кауцијата за Строс-Кан

Њујоршкиот суд ја отфрли кауцијата од милион долари во готовина, па извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан ќе остане во притвор до 20-ти мај.
Њујоршкиот суд ја отфрли кауцијата од милион долари во готовина, па извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан ќе остане во притвор до 20-ти мај.Како што пренесува Reuters, еден од неговите адвокати изјави дека Доминик Строс-Кан ги отфрлил обвинувањата а неговото повторно појавување пред судот е веќе закажано за 20-ти мај.Обвинителството барало да се отфрли барањето за пуштање на слобода, бидејќи, како што навелo, се испитува барем уште еден случај на слично однесување на Строс-Кан кон персонал на хотелот „Софител“ на њујоршки Тајм сквер. Исто така, застапникот на американското обвинителство навел дека постои можност оти Строс-Кан ќе се обиде да пребегне од САД во Франција.Неговите адвокати веднаш по апсењето најавија дека тој ќе се изјасни дека не е виновен за кривичното дело „обид за силување, незаконски сексуален чин, незаконско лишување од слобода“, за што му се заканува затвор и до 25 години.Претходно во понеделникот адвокатите на првиот човек на ММФ тврдеа дека тој има цврсто алиби. Наводно адвокатите го утврдиле движењето нa Строс-Кан според кое тој го напуштил хотелот напладнеe, по плаќањето на сметката и предавањето на клучот а потоа отишол да руча со неговата ќерка, земал такси до аеродромот, што би значело дека тој веќе го напуштил хотелот во времето за кога 32-годишната собарка тврди дека наводно ја бркал по ходникот, ја принудил да влезе во собата и ја нападнал. Француското радиото RMC на својата интернет страница објави дека адвокатите имале материјални докази и сведоци.Американските медиуми претходно во понеделникот пренесоа дека Строс-Кан се согласил на форензичко испитување, додека, пак, полицијата собира се’ повеќе докази за случајот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.