Македонија
КСОМ: Да се одложи Законот за домување
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) бара одложување на примената на законот за домување од шест до 12 месеци, период во кој граѓаните би требало да се едуцираат, а институциите да се подготват за неговата примена. Најавуваат и протести.
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) бара одложување на примената на законот за домување од шест до 12 месеци, период во кој граѓаните би требало да се едуцираат, а институциите да се подготват за неговата примена. Најавуваат и протести. Од КСОМ не ја негираат потребата од постоењето на ваков закон, но сметаат дека во постојниот треба да се да се извршат повеќе измени. Сметаат дека во оваа форма законот е неприменлив. „Треба да има измени околу обврските што ги има Претседателот на куќниот совет. Тоа се страшни обврски. Треба да се отворат две жиро сметки. Една за куќниот совет, една за резервен фонд. Треба постојано да се врши измена во случај на промена на сопственост на стан. Секоја промена на станар треба да се евидентира во Централен регистар, што повлекува дополнителни трошоци. Има станови со сопственици во странство кои се недостапни и без кои не може да се регистрираат куќните совети“, вели Маријан Ристевски, Претседател на КСОМ. „Во овој момент имаме ситуација кога самите институции не можат или не знаат да го имплементираат законот, или пак самите тие што го изработиле не го познаваат, а очекуваат од граѓаните, спротивно на тоа да го познаваат и да го имплементираат законот. Многу е едноставно. Власта да има доблест да си ја признае сопствената грешка, односно самото министерство и да го пролонгираат законот од шест до 12 месеци“, вели Драган Василевски од КСОМ. Поради, како што велат, незадоволството што владее кај нивното членство во врска со овој закон и други проблеми, од КСОМ најавија одржување на протест на 8-ми септември. Барањата што ќе бидат претставени на протестот дополнително ќе бидат соопштени. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.
На претстојната конференција во првиот ден ќе се реализираат сесии со началниците на земјите членки на НАТО, на кои ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои безбедносната состојба во зоната на одговорност на Алијансата и подготвеноста за одбрана и одвраќање, модернизацијата и интероперабилноста на НАТО Алијансата, придонесот кон стабилноста и безбедноста, заканите, ризиците и предизвиците.
За време на вториот ден ќе се реализираат сесии со партнерите, на кои ќе се разговара за глобалната безбедносна состојба и иднината на партнерството во делот на безбедносната соработка и менаџирањето со кризи. Меѓу другото, ќе се разговара и за пошироки теми како: климатските промени, безбедност на храна и енергија, нерегуларна миграција, организиран криминал и влијанието на недржавни актери на безбедноста.
Генералот Лафчиски во оваа прилика ќе реализира и официјална посета на Врховната сојузничка команда на НАТО за операции во Монс, Белгија при што ќе ја посети и делегацијата на нашата земја во НАТО распоредена во Монс и Брисел и штабните старешини распоредени во командната структура на НАТО.
Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во една од сојузничките земји членки на база на ротација.
Скопје
Дел од општина Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано два прекини во водоводната мрежа и тоа:
– Поради промена на вентил од ф 2“ на улицата Никола Парапунов бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.
– Поради дефект на приклучна цевка од ф 1“ на улицата Копенхагенска бр.6 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Копенхагенска, Бриселска, ГаврилЛесновски, Стокхолмска, Његошева, Петар Драганов и дел од Софиска во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.