Македонија
Груевски: Нема да има уставни измени

Премиерот Никола Груевски денеска испрати писмо до лидерите на најголемите политички партии во кое им соопшти дека ја прекинува процедурата за уставни измени.
Премиерот Никола Груевски денеска испрати писмо до лидерите на најголемите политички партии во кое им соопшти дека ја прекинува процедурата за уставни измени.
„За мене е неприфатливо еден стратешки и добронамерен обид за подобрување на перформансот на правосудниот систем во државата, да биде изместен од неговата суштина и да ја изгуби својата видливост засенет од нереални предлози, кои или имаат парцијален дневнополитички интерес, или пак се со голема сензибилност а со никаква правна основа во димензијата на меѓуетничките односи, односно предлози во кои не гледам основа за трајно подобрување на општествените состојби“, стои во писмото на премиерот Груевски.
Тој во писмото образложува дека сериозната и државничка работа на пристапување кон уставни измени, според него била претворена во симулација на простор за емитирање на политички ставови, чија цел како што вели била обид за краткорочно подобрување на партиските рејтинзи, меѓудругото и преку отворање на прашања кои задираат во сферата на меѓуетничките односи, а не интересот на државата.
„Длабоко сме уверени дека нашата иницијатива беше издржана и квалитативно ефектуирачка и во време кога ќе процениме дека се создадени услови за таква активност, време кое зависи и од Вашата и од подготвеноста на Вашите партии за подобрување на состојбите, повторно ќе го ставиме ова прашање на разгледување“, вели Груевски.
Тој додава дека Владата ќе продолжи спроведувањето на реформите во правосудниот систем на државата преку внесување на нов квалитет во поставеноста на системот и надградба на човечкиот потенцијал кој партиципира во тој систем, преку измени и дополнувања на законските решенија од оваа област./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Синоќа повторно предизвикан пожар во „Дрисла“

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
„На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму со тоа што брзо пристигнаа нивните возачи“.
Еден час подоцна, појаснува Ангелов, пожарот бил изгаснат и затрупан со што како што нагласува, е спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.
Македонија
„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.
Македонија
Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).