Скопје
Почна изградбата на новата градинка во Центар

На местото на старата градинка „Кочо Рацин“ почна изградбата на нова, со капацитет од 180 деца.Се очекува изградбата да заврши следното лето, соопшти Општина Центар.
Од таму велат дека ова е прва градинка која се гради во Центар по цели 40 години и дека во 1974 година е изградена последната градинка „Раде Јовчевски Корчагин“.
„Градинката „Кочо Рацин“, изградена во 1964 година, беше руинирана и сите овие години не беше санирана. Ѕидовите беа од азбестни, радиоактивни плочи, исклучително штетни за децата. Градинката ќе биде енергетски ефикасна и ќе се гради од високо квалитетен, современ материјал и со звучна заштита и заштита од пожар.. Кујната и храната ќе бидат според ХАСАП стандардите и ќе има капацитет за 500 оброци, со што ќе се снабдуваат и трите клона на градинката“, појаснуваат од Општината.
Дворот на градинката ќе биде хортикултурно уреден, а ќе биде набавена и нова опрема за занималните.
Новата градинка ќе чини 112 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Центар, а изградбата ќе биде готова наредното лето, стои во соопштението од Општината.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)