Свет
Поранешен претседателски кандидат исчезнат во Мексико
Поранешен мексикански претседателски кандидат кој стана моќна личност во во владејачката партија е исчезнат со знаци на насилство, соопшти канцеларијата на мексиканскиот јавен федерален обвинител, пренесуваат светските агенции
Обвинителот изјавил дека автомобилот на Диего Фернандез де Севаљос бил пронајден во близина на неговиот ранч во централната сојузна држава Керетаро. Тој дополнил дека во автомобилот биле најдени лични предмети на Севаљос како и неодреден „знаци на насилство.” . Мексиканскиот весник El Universal повикувајќи се на извори од федералната полиција, пренесува дека Севаљос бил киднапиран, но портпаролката на сојузниот обвинител изјавила дека таа не може да потврди.Јавниот обвинител на државата Керетаро, Арсенио Дуран за радио станицата Formato 21 изјави дека иследниците нашле предмети од исчезнатиот во автомобилот и недалеку од него ножици на кои имало траги од крв. Тој додал дека според изјавата на чуварот на ранчот, Севаљос требало да пристигне на неговиот ранч во близина на градот на Педро Ескобедо во петокот вечерта. Кога утрото не се појавил на вообичаениот појадок со семејството, тие го пријавиле неговото исезнување. Тие соопштиле дека никој не ги контактирал за да побара откуп.Инаку богатите Мексиканци честопати се цел на киднапирања од страна на локалните банди, но не се случило да грабнат висока политичка личност. Шеесет и девет-годишниот Фернандез де Севаљос во 1994 г. претседателски кандидат на Националната парија на акцијата (NAP), која сега е владејачка а тој продолжи да биде влијателен фигура, како и еден од најуспешните адвокати на Мексико.Брадестиот секогаш со пура во устата кандидат се појави од релативно првпат се појави на телевизиска дебата во кампањата во 1994 г., кој беше поддржан од средната класа која одговори на неговите повици за соборување на институционалната револуционерна партија која беше на власт од 1929 г. Севаљос на тие избори беше на второто место зад Ернесто Зедиљо, но неговата партија конечно победи на претседателските избори шест години подоцна, кога беше избран Висенте Фокс.Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон издаден соопштение во кое им нареди на федералните власти да помогната на властите од сјузната држава Кератарп во потрагата по Фернандез де Севаљос, нарекувајќи го „клучен политичар во мексиканската транзицијата кон демократијата.“Фернандез де Севаљос како еден од ветераните на својата партија, стана можен посредник меѓу мексиканскиот Сенат и некои од најбогатите компании во Мексико чиј адвокат е. Тој ги отфрли обвиненијата дека во неговиот случај имало конфликт на интереси со тоа што компаниите што ги застапува добија големи тужби против владата, претставувајќи го Конгресот. Де Севаљос потекнува од семејство со 15 деца од државата Кератаро ангажирајќи се за правни фирми поврзани со некои од основачите на партијата PAN, создавајќи врски кои продолжуваат во текот на неговиот живот. Тој беше близок пријател на неколку високи министри во претседателскиот кабинет, вклучувајќи го и актуениот државен секретар за внатрешни работи, Фернандо Гомез-Мон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј
Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот на плажата Бонди минатата недела. Додека се опоравува од сериозни повреди во болница, илјадници луѓе ја изразија својата поддршка со донации што надминуваат 2,5 милиони долари, објави „Унилад“.
Во еден од најмрачните моменти во поновата австралиска историја, пред четири дена, двајца вооружени лица отворија оган на преполната плажа Бонди во Сиднеј. Ахмед реагираше без двоумење, успевајќи да го совлада и разоружа еден од напаѓачите, чин за кој многумина веруваат дека спасил безброј животи. Во нападот загинаа 15 лица, вклучувајќи и еден од напаѓачите, 50-годишниот Саџид Акрам. Ахмед беше застрелан двапати за време на неговата херојска акција.
Снимките од неговиот храбар чин брзо станаа вирални, што доведе до започнување кампања GoFundMe која собра повеќе од 42.000 донации. Неговиот адвокат Сем Иса денес извести за здравствената состојба на Ахмед.
Тој потврди дека Ахмед бил подложен на „многу сложена операција“ поради „оштетување на нервите“ и дека „тој денеска очекувано трпи големи болки“. Додаде дека таткото на две деца се подготвува за уште една осумчасовна операција следниот ден.
Претходно оваа недела, Ахмед се обрати на јавноста за прв пат од болничкиот кревет. Во видео објавено од турската телевизија ТРТ Ворлд, тој зборуваше на арапски. „Ги ценам напорите на сите. Со Божја волја, ќе ви се вратиме со радост. Ви благодарам за вашите напори. Поминав низ многу тешка фаза… Ја молам мајка ми, зеницата на моето око, да се моли за мене“, рече тој.
Ахмед беше посетен и во болница од високи австралиски функционери.
„Многу си силен. Твоето срце е силно. Твојата храброст е инспиративна“, му рече премиерот Ентони Албанезе. Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, исто така го посети. „Ова е најневеројатната сцена што некогаш сум ја видел.“
Полицијата во меѓувреме го обвини преживеаниот осомничен, 24-годишниот Навид Акрам, за 59 кривични дела, вклучувајќи 15 обвиненија за убиство, извршување терористички акт, 40 обвиненија за нанесување тешки телесни повреди со намера за убиство, како и поставување експлозиви и јавно прикажување на симбол на забранета терористичка организација.
Регион
ЕУ ги укинува санкциите за Косово и ја отклучува финансиската помош
Европската Унија е подготвена да ги укине санкциите што ги воведе против Косово во 2023 година поради тензиите на северот на земјата и ќе ја отклучи финансиската помош, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Земјите од ЕУ воведоа казнени мерки против Косово откога владата на премиерот Албин Курти не одговори на повиците на ЕУ и САД за смирување на немирите на северот со мнозинско српско население по најлошото насилство за повеќе од една деценија.
Мерките вклучуваа суспендирање на посетите на косовски претставници на ЕУ и задржување голем дел од економската помош на ЕУ.
„Добри вести за Косово“, рече Фон дер Лајен во објава на X. „Планираме 216 милиони евра финансиска помош и имаме намера да ослободиме 205 милиони евра на почетокот на следната година“, напиша таа.
Насилството избувна во северно Косово во 2023 година откога градоначалниците од етничките Албанци ја презедоа функцијата со победа на локалните избори. Изборите беа бојкотирани од Србите барајќи спроведување договор стар десет години, со кој им се дава поголема автономија.
30-ина мировници на НАТО, кои ги чуваа градските собранија, беа повредени во судирите со српските демонстранти, а повредени беа и 52 Срби.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ одлучила да ги укине мерките откога српските градоначалници ја презедоа функцијата по локалните избори во октомври.
Косово треба да одржи нови парламентарни избори на 28 декември бидејќи не успеа да формира влада по изборите во февруари.
фото/депозитфотос
Свет
„Тажен кактус“: Норвешка се брани по бранот критики за новогодишната елка во Лондон
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде одговори на бранот критики што се појавија во британската јавност во врска со елката што Норвешка традиционално му ја донира на Лондон и која беше поставена на плоштадот Трафалгар.
Во некои британски медиуми и на социјалните мрежи изгледот на елката беше оценет како разочарувачки, со иронични споредби со тажен кактус и тврдења дека елката изгледа како да е зафатена од торнадо. Сепак, Ајде нагласи дека станува збор за симбол, чија вредност далеку ги надминува естетските впечатоци.
Тој потсети дека елката е непроценлив подарок и дел од традицијата што трае од 1947 година кога Норвешка првпат ѝ ја подари елката на Велика Британија како знак на благодарност за нејзината поддршка за време на Втората светска војна. Според него, елката е исто така симбол на долгорочно партнерство и пријателски односи меѓу двете земји.
„Многу се гордееме на нашата елка и на оваа традиција“, рече Ајде нагласувајќи дека значењето на овој гест не може да се мери само со визуелни впечатоци.
Фото: депозитфотос

