Контакт

Македонија

EK чека информација кој ќе го замени Боцевски

Објавено пред

По вчерашната неотповиклива оставка на вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски, Европската Комисија чека информации за тоа кој ќе го води процесот на реформи поврзан со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на ЕУ Кристина Наѓ на денешниот брифинг со новинарите, изјави дека ако земјава има за цел да ги исполни условите утврдени од Комисијата во 2008, важно е да се потсети дека нема време за губење. Наѓ посочи оти причините за оставката на Боцевски не се работа на Комисијата.

„Соопштението објавено во медиумите во врска со ова ги има сите потребни информации. Сакаме да знаеме што ќе се случи понатаму“, изјави портпаролката Наѓ.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Брисел изјави дека досегашниот ангажман на Боцевски бил високо ценет и оти е сигурен, според она што вчера беше кажано од страна на Владата, и во иднина ќе се најдат можности за соработка со него на различни нивоа. Прашан дали оставката на Боцевски отвора можност за реконструкција на Владата, шефот на дипломатијата рече дека тоа е прашање кое треба да им се постави на оние кои имаат мандат односно на претседателот на Владата. Според него, оставката на Боцевски и тоа кој ќе го замени не биле тема на вчерашната седница на Владата.

„ На овие прашања во скоро време ќе има одговор од надлежните“ , рече Милошоски, кој заедно со министерот за одбрана ја предводеше македонската делегација на Северноатланскиот совет со Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

Објавено пред

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на Собранието Африм Гаши. Интерпелации се поднесени за вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и за неговиот заменик Астрит Исеини, за министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и за Илире Даути, претседателка на Комисијата за социјала политика, демографија и млади.

dobivaj vesti na viber

„Најавата е дека веќе на почетокот на јануари ќе биде свикана, првата седница ќе биде околу тоа. Очекуваме околу 10 јануари, но се уште не е свикана седницата. Ќе бидат ставени на дневен ред како што е по Деловник. Ако има одговори ќе бидат ставени на дневен ред како што доаѓаат одговорите, ако не, ќе ги ставиме на дневен ред како што доаѓале. Интерпелацијата како инструмент нема правна последица и нема егзекутивна моќ во нашиот правен поредок. Тоа е повеќе демократска алатка за политичка дискусија околу една тема, околу еден носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието“, рече претседателот на Собранието Гаши.

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ и Исеини на трети декември ги поднесе пратеничката група на Европскиот фронт, по апсењата за инцидентите при одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Интерпелацијата, пак, за Илире Даути ја поднесе партијата Левица на крајот на ноември оти во рок од 24 часа не го ставила на дневен ред на собраниска комисија законот за бранители.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мукаетов: 2024 беше навистина активна година за „Алкалоид“

Објавено пред

2024 година беше навистина активна година за „Алкалоид“, вели во своето обраќање генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

dobivaj vesti na viber

„Во јануари Дениз Ричардс пиеше чај Good Nature. Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден деветнаесет милиони и четиристотини илјади евра.

Прославивме триесет години од основањето на данскиот конзулат, чие седиште е во просториите на компанијата. Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. И покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, „Алкалоид“ презентираше успешни резултати во работењето“, нагласува Мукаетов.

Мукаетов посочи дека Македонската берза во 2024 година на „Алкалоид“ му ги додели престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво, Акција на годината и Награда за добри ESG-практики.

„Како компанија лидер во прифаќањето и имплементацијата на нови технологии во работењето, ќе останеме посветени на концептот за транспарентно и етичко работење, остварувајќи ги целите зацртани во нашата ESG-стратегија, насочени кон одговорно однесување спрема животната средина, заедницата и спрема луѓето пред сè.

Проектите за општествена одговорност на „Алкалоид“ продолжија и во текот на 2024 година. Особено ми е драго што по кратка, принудна пауза повторно се собравме во импозантен број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, донирајќи ѝ ги собраните парични средства на организацијата СОС Детско село.

„Алкалоид“ во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. А како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на „Алкалоид“, кој го отворивме годинава. Овој простор содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум годишен развој на една успешна македонска приказна, со пласмани во над педесет земји во светот, која денес ја раскажуваат нови генерации дома и надвор од македонските граници, на кои ќе им ги пренесат силните етички стандарди базирани на знаење и системот на вредности граден со децении.

Со желби за добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања, ви посакувам среќни празници“, вели Мукаетов во обраќањето.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници, неколку милиони евра е грабежот врз граѓаните со кошничките на Мицкоски

Објавено пред

Тоа е уште една измама. Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Самата власт, додава таа, кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените.

„Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници.

За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните“, оценува Кузеска.

Прашањето според неа е што им должеше Мицкоски на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...

Македонија43 минути

(Видео) ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита, бара СДСМ

„СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ,...

Македонија46 минути

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет3 часа

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија4 часа

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет4 часа

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет4 часа

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија5 часа

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...

Европа6 часа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од...

Свет6 часа

(Видео) Патникот што ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: објави снимка и по несреќата

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која...

Македонија24 часа

Дурмиши: Ако трговците не ги коригираат цените, ќе бидеме принудени да донесеме одлука за замрзнување цени или маржи

Инспекторите од утрово прават анализи во маркетите во однос на тоа како се движеле цените на основните прехранбени производи во...

Македонија1 ден

Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој најави реакција од...

Македонија1 ден

Мицкоски им се извини на жителите на Арачиново и Липково: Има неодговорни градоначалници, ќе се стапи во контакт со општините за градинките

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со...

Македонија1 ден

ВМРО-НП предлага укинување на „Државната лотарија“: Покрај сите досегашни нерегуларности во кои била вклучена институцијата, се нанесува и непотребна финансиска штета

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата во врска со „Државната лотарија“ и во контекст на тоа предлагаме вклучување на...

Македонија1 ден

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболката што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната влада за помош на овоштарството, со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за...

Свет1 ден

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот што утрово се урна во Казахстан. Во соопштението на Министерството за транспорт на...

Свет1 ден

(Видео) Се појави нова снимка од падот на авионот во Казахстан

Новата снимка од падот на авионот во Казахстан покажува дека леталото се запалило кога удрило во земјата. Khoảnh khắc máy...

Македонија1 ден

Најмногу снег во Маврови Анови, најладно на Попова Шапка

Утрово најладно било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени, -4 се измерени во Маврови Анови, Крушево, -1...

Свет1 ден

(Видео) Се урна патнички авион, испратил СОС-сигнал над Каспиското Море: драма во Казахстан

Се урна патнички авион на АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни, јавува АПА. Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското...

Свет1 ден

Само оваа година во Саудиска Арабија беа егзекутирани најмалку 330 луѓе: бројот на казните нагло се зголеми, една третина се странци

Најмалку 330 луѓе беа егзекутирани оваа година во Саудиска Арабија, што е најголем број на егзекуции досега забележани, покажуваат податоците...