Македонија
Селами: Притисоците врз ДКСК се секојдневие

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Илми Селами, по најавата на директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, за тужба против него вели дека ваквите пристисоци врз ДКСК стануваат секојдневие
Тој ги отфрла тврдењата на Жарко Караџоски дека ДКСК не направила увид во претпријатието и дека нејзините тврдења се засноваат само врз основа на доставена претставка.„Не е точно дека не сме направиле увид , ДКСК го работеше овој предмет повеќе од два месеца. ДКСК може, но не мора да се обрати до лицето кое е предмет на истрага. Ние работевме врз основа на создадената фактичка состојба од документацијата, од финансиски картици и од документи кои можеби сме ги добиле од самиот доставувач на претставката или можеби од лице вработено во „Македонски шуми““ вели Селами за Макфакс.Селами не гледа основа за поднесување на тужба против него, но вели дека ваквите пристисоци на лицата кои се предмет на истрага станува секојдневие.„Ова повеќе зборува за нив самите, за нивната политичка и општа култура. Наместо да си замине дома и да ја сноси одговорноста се труди да докаже нешто што не е вистина“ вели Селами.Тој објаснува дека не може да поднесе тужба против него затоа што одлуките на ДКСК ги носат членовите, а тој како претседател е должен да ја извести јавноста за одлуките на Комисијата.Тој вели дека освен иницијатива за разрешување, ДКСК има индиции и за кривично гонење на Краџоски, за коешто работата е во тек и комисијата се уште нема докази. Тој вели дека Караџоски заборавил да каже дека уште претходно ДКСК спровела внатрешна ревизја на претпријатието.Карџоски денеска на прес-конференција соопшти дека ќе го тужи претседателот на ДКСК, Селами за клевета, откако ДКСК покрена иницијатива за разрешување на Караџоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на изгорено во воздухот и не се дише.
По денешниот протест и кратката блокада кај мостот „Киро Глигоров“ поради дивата депонија Вардариште, граѓаните најавија дека утре повторно ќе излезат на улица. На денешниот собир видлив беше и транспарент со порака, „Вардариште е канцер“, а од институциите беше побарано без меѓусебни обвинувања да ја преземат одговорноста.
Следниот протест е закажан за утре, во 18 часот кај паркчето „Авионче“ во Ново Лисиче. Организаторите апелираат на масовност и истрајност, убедени дека само така може да се издејствува конечно решение за проблемот со Вардариште.
Претходно денес, О2 Иницијативата упати јавен апел до кандидатите за градоначалници и советници во Град Скопје, Аеродром и Гази Баба, барајќи итни решенија за санација на депонијата.
„Доста е со молк, одлагања и префрлање на одговорност! Вардариште не е тема за кампања – тоа е закана за нашето здравје и иднината на Скопје,“ порачуваат од иницијативата, нагласувајќи дека очекуваат конкретни обврски и јавно дадени ветувања од сите кандидати.
Во апелот се наведени три приоритетни барања: Итна изработка на проектна документација за санација и ревитализација на Вардариште, со што Општина Гази Баба треба без одлагање да ги донесе потребните детални урбанистички планови; Привремени мерки додека проектите не стартуваат, како запечатување, оградување, осветлување, 24-часовна чуварска служба и видео надзор; Транспарентност и отчетност, со редовно известување за секој чекор, конкретни активности и прецизни рокови.
Од иницијативата потсетуваат дека станува збор за прашање кое не смее да се третира како обично предизборно ветување.
Во неделата голем пожар избувна во близина на Вардариште во Скопје, при што половина град остана без електрична енергија 5 часа.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

СДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градоначалници, со што досега објавени се вкупно 60 кандидатури.
За градоначалник на Пробиштип, партијата го кандидира Драган Анастасов, Драгослав Симоновиќ е кандидат за градоначалник на општина Градско и Борче Гиевски за Зелениково.
„Сите кандидати се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници“, велат од партијата.
Македонија
Јасно и гласно кажав дека не сум се сретнал со Груевски, ВЛЕН манипулира, рече Османи

Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, ги демантираше тврдењата за наводна средба со Никола Груевски за обезбедување пратеници за поддршка на уставни измени.
„Во недостаток на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за наводна моја средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за подршка на утавни измени. Јасно и гласно кажав дека таква средба немало. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им помогне во кампањата“, рече Османи.
Додаде и дека дговорот на овие оцрнувања ќе стигне на 19 октомоври.