Спорт
Балардини: Ќе бидам среќен доколку Пандев остане

Новиот тренер на италијанскиот Лацио, Давиде Балардини изјавил дека се’ уште не знае дали ќе може да смета на нашиот интернационалец за наредната сезона но дека би сакал тојда остане во екипата
„Се радувам што располагам со ваква група на играчи како што ја имам во Лацио. За Горан Пандев нема како да бидам сигурен, се’ уште не ми е познато што ќе се случува со овој играч, но јас би бил среќен доколку тој остане во нашата екипа, за мене тој е фудбалер со голем квалитет и ќе биде од голема ползат доколку и натаму настапува за Лацио“, коментирал денеска Давиде Балардини.Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре исто така со изјава дека клубот е подготвен да го продаде Пандев но само за цена од 15 милиони евра. Пандев е трансферна цел на Јувентус и Наполи, но се уште нема понуда за него до раководството на Лацио. „Нема да се разделиме од Пандев за помалку од 15 милиони евра. Наполи плати толку за Фабио Куаљарела, а нашиот фудбалер не е ништо по слаб од него. Ќе чекаме добра понуда и подготвени сме да преговараме”, изјавил Таре. Ако Пандев го напушти Лацио, од клубот најавуваат дека алтернатива би бил Роберт Акуафреска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брилијантниот Дончиќ и Словенија подобри од Авдија и Израел

Кошаркарите на Словенија ја остварија третата последователна победа во Групата Д на Евробаскетот. Словенците го победија Израел со 106:96.
Со победата Словенија се здоби со подобра позиција пред нокаут фазата со скор 3-2, но сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето.
Со победа, Израел ќе беше прв во групата, поразот ги однесе на четвртата позиција.
Натпреварот во Катовице, Полска, го обележа пресметката меѓу НБА ѕвездите, Лука Дончиќ и Дани Авдија, но суперѕвездата на ЛА Лејкерс покажа поголем квалитет.
Дончиќ го заврши натпреварот со 37 поени, 11 скока и девет асистенции. Авдија на крајот имаше 34 поени, девет скока и две асистенции.
Кај Словенците се истакнаа Николиќ со 16, Радовиќ со 14, Омиќ со 11 и Хроват со 10.
Во таборот на Израел, Соркин додаде 14 поени, а Мадар 10 поени.
foto/ epa
Спорт
(Видео) Македонија во Прага загуби од Саудиска Арабија
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Саудиска Арабија (2:1), во пријателски натпревар одигран на стадионот на Викторија Жишков во Прага.
Саудијците славеа со пресврт откако Македонија дојде до предност со спектакуларниот гол на Алесандар Трајковски. Напаѓачот на Македонија погоди со ножички во 40.минута.
Предноста ја анулира Ал Брикан во финишот на првото полувреме.
Нерешениот резултат на семафорот стоеше до 78.минута, кога Ал Хамдан ја искористи конфузијата во нашата одбрана и со прецизен удар од 22 метри го совлада Димитиревски.
Следниот натпревар Македонија ќе го одигра в недела, кога во квалификациите за Светското првенство ќе го пречека Лихтанштајн.
Foto/ ffm.mk
Спорт
БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство.
Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.
Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, избраниците на поранечниот македонски селектор, Александар Џикиќ, не постигнаа ниту еден поен, противникот направи серија 9:0 и го реши мечот.
Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.
Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.
За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока. Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.
Foto/ FIBA