Свет
Москва ќе поддржи санкции против Иран

Иранските власти ја обвинија Русија дека не го исполнува договорот за испорака на балистички ракети С-300, пишува „Комерсант“, објаснувајќи го доцнењето од чисто технички причини
Анонимни извори на весникот од руското Минисерство за надворешни работи и од државната компанија Рособоронекспорт, која од руска страна го потпиша договорот со Иран за испорака на ракети, неофицијално признале дека проблемот е чисто политички.Во Сингапур утре ќе се сретнат претседателите на Русија и на САД, Дмитриј Медведев и Барак Обама. Тие не само што ќе разговараат за нуклеарната програма на Иран, туку можат да донесат и решение кога да бидат воведени санкции против Техеран, пишува весникот.Како одговор на обидите на Техеран да го отфрли предлогот за прекин на преработувањето ирански ниско збогатен ураниум во Русија и Франција, Вашингтон се подготвува да реагира со нови санкции, наложени од Советот за безбедност на ОН. Тие вклучуваат забрана за увоз на течни горива во Иран, ограничување на пристапот на ирански стоки до меѓународните пазари и замрзнување на иранските банкарски сметки во странство.Но за да дадат резултат овие санкции, САД ја бара поддршката на Русија. Медведев претходно веќе изјави дека Москва може да ги поддржи санкциите против Иран, доколку другите варијанти не дадат резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс.
Инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525.
Леталото проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата.
Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени.
Во моментот се преземаат мерки за отстранување на леталото од пистата, а аеродромот останува затворен до понатамошно известување.
Од Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинија на патниците за доцнењата на пристигнувачките и поаѓачките летови и најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.
Свет
Масовни протести во Шпанија против корупција

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа денес во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција.
Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, велејќи му на Санчез да „поднесе оставка“.
Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица што истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.
Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата, кажувајќи им на новинарите дека спроведувала истражување за книгата и дека не работи во име на партијата или на Педро Санчез, а потоа ја напуштила Социјалистичката партија.
Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.
Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.
Владин претставник во Мадрид процени дека на демонстрациите имало помеѓу 45.000 и 50.000 луѓе.
Свет
Тропската бура Барбара се формираше покрај брегот на Мексико

Тропската бура Барбара се формираше покрај југозападниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами рано утрово. Не се издадени предупредувања за крајбрежна опасност.
Брзината на ветерот беше околу 75 километри на час со повремени силни налети. Се очекува бурата да прерасне во ураган во понеделник.
Во делови од мексиканските држави Гереро, Мичоакан, Колима и Халиско можни се обилни врнежи од дожд од 5 до 10 сантиметри, а на некои места и до 15 сантиметри. Врнежите од дожд можат да доведат до поплави и лизгање на земјиштето.