Свет
Спонзорирањето на лекарите е законско ако е платен данок
Спонозорирањето на лекарите за
доедукација и тоа како донација на физички лица е законско само доколку
спонзорот е правно лице кое за финансиската помош има платено пресонален данок
на доход.
Спонозорирањето на лекарите за
доедукација и тоа како донација на физички лица е законско само доколку
спонзорот е правно лице кое за финансиската помош има платено пресонален данок
на доход. Ова е толкувањето од Управата за јавни приходи (УЈП) откако во
јавноста се отвори дилемата дали спонзорство на лекарите и други лица кои на
сметка на фирми патуваат за доедукација или друг вид усворшување е поткуп. Од
оваа институција велат дека притоа лекарот нема никаква обврска спонзорството
да го пријави во годишната пријава за оданочување, дури нема обврска да поднесе
какво било известување до УЈП.
Фирмата која го спонзорира лекарот кога ќе го пресмета и уплати пресоналниот
данок на доход за спонзорираните средства, за УЈП завршува обврската за плаќање
данок и тоа е зацртано со Законот за пресонален данок на доход. Во спротивно,
би дошло до двојно оданочување, со што данок би платил и спонзорот и
спонзорираното лице, е објаснувањето од УЈП.
За спонзорство УЈП ги смета разните видови финансиска помош наменета за
лекување, школување, за учество на спортски, културни и други манифестации,
лични спонзорства. Притоа, не смее да се заборави дека обврзник на данокот е
фирмата што спонзорира. Дали досега некоја од фирмите која спонзорирала лекари
или други лица направила злоупотреба со што пред да ги уплати донираните пари
не платиле данок, од УЈП велат дека сегашната евиденција не им дозволува таква
анализа на податоците. Колку фирми такви даночни прекршоци направиле ќе се знае
откако ќе се направат реформите во УЈП.
За донацијата или спонзорираните средства да се поднесе извештај до УЈП
примателот има обврска само доколку е правно лице, односно јавна установа. Ова
новина ќе важи од 1 јули годинава кога ќе стартуваат новите законски одредби за
спонзорствата, објаснуваат во УЈП. Со нив се предвидува покрај фирмата-спонзор
која треба да го уплати данокот, извештај за примената доанција до УЈП мора да
достави и примателот. (Ј.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Политико“: Сојузниците сè повеќе ја губат довербата во САД поради Трамп
Клучните сојузници на САД, меѓу кои Германија, Франција и Канада, сè почесто ја доживуваат Америка како непредвидлива и проблематична сила на светската сцена поради политиките на претседателот Доналд Трамп, покажува ново меѓународно истражување, објави Политико.
Анкетата на POLITICO–Public First покажува дека значителен дел од испитаниците во Германија и Франција, како и мнозинството во Канада, сметаат дека САД се негативна глобална сила. Во Обединетото Кралство ставовите се поделени, но повеќе од една третина имаат негативна перцепција.
Речиси мнозинство во сите четири земји верува дека САД почесто создаваат проблеми отколку што ги решаваат. Повеќето Канаѓани и речиси половина од испитаниците во Германија и Франција сметаат дека САД ги предизвикуваат своите сојузници, додека значаен дел од Британците велат дека на Америка не може да се смета во време на криза.
Свет
Полска поставува противдронски систем на границата со Белорусија
Полска постави прв противдронски одбранбен систем на новa набљудувачкa кула во близина на границата со Белорусија, како дел од зајакнатите безбедносни мерки, објави Еуроњуз.
Системот е инсталиран во местото Ожерани и ќе биде оперативен од јануари, потврди министерот за внатрешни работи, Марчин Кервински.
За време на божиќните празници, повеќе од 6.000 припадници на армијата, граничната полиција и полицијата ќе бидат распоредени на границата. Полските власти соопштија дека годинава спречиле речиси 30.000 обиди за нелегален премин.
И покрај засиленото обезбедување, хуманитарната состојба на границата останува тешка, при што активистите предупредуваат дека и натаму има жртви меѓу мигрантите. Во исто време, опозициската група БЕЛПОЛ тврди дека во близина на Минск се гради фабрика за оружје, која наводно ќе произведува артилериска и ракетна муниција за Русија.
Свет
Зеленски: Подготвени нацрти за завршување на војната со Русија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина и САД подготвиле неколку нацрти на документи поврзани со безбедносни гаранции, обнова и рамка за завршување на војната со Русија, по неколку рунди разговори одржани за време на викендот во Мајами, објави „Кијив Пост“.
Зеленски наведе дека работата била продуктивна и дека документите се структуирани со цел да обезбедат „вистински крај на војната и да спречат трета руска инвазија“, но додаде дека и понатаму постојат разлики меѓу договореното на хартија и состојбата на бојното поле.
Разговорите уследија по дипломатски тензии предизвикани од протекување на американски мировен план од 28 точки, кој предвидувал откажување од членство во НАТО и територијални отстапки од страна на Украина. По реакцијата на Украина и европските партнери, бил подготвен алтернативен план од 20 точки, кој бил детално разгледан со американската страна.
Иако нацртот од 20 точки е речиси завршен, Зеленски призна дека некои одредби остануваат неприфатливи и за Киев и за Москва, а траен прекин на огнот сè уште е далеку.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите продолжуваат и дека „одат добро“, без да открие конкретни чекори или рокови. Украинските власти предупредуваат дека без јасни и применливи безбедносни гаранции, секој договор може брзо да пропадне.

