Свет
Опаѓа популарноста на Путин и Медведев

Резултатите од последната анкета за проверка на рејтинзите на рускиот државен врв, покажува дека во последните месеци популарноста на рускиот премиер и на претседателот се во надолна линија, најверојатно заради последиците од економската криза од која без работа останаа повеќе од милион Руси
И покрај влошената економска ситуација, премиерот Владимир Путин и претседателот Дмитриј Медведев минатата година по преземањето на функциите имаа високи рејтинзи, но во последните неколку месеци тие постојано опаѓаат, пренесува Reuters повикувајќи се на руски извори.Според овие анкети, од половината на октомври кога рејтингот на Путин изнесуваше 72 отсто, до 22 ноември е намален на 65 отсто, што е најнизок од март годинава, објави Фондацијата за истражување на јавното мнение.„Внимателно ги следиме истражувњата на јавното мнение, но истовремено ги следиме и податоците кои ги добиваме директно од нашите граѓани“, изјавил портпаролот на рускиот премиер, Дмитри Песков. Тој појаснил дека одговорите на прашањата кои ги добиле од граѓаните ќе и’ помогнат на владата да утврди кои мерки се ефикасни а кои не се, како и во кои сфери треба да се промени работењето.Популарноста на претседателот Медведев, пак, од 62 отсто во октомври паднала на 54 отсто до истиот датум во ноември.Аналитичарите толкуваат дека објавените резултати треба сериозно да се сфатат, бидејќи при непостоење на каква и да е стабилна политичка институција, популарноста на Путин претставува основа на политичката стабилност во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.