Спорт
Млади холандски фудбалери до смрт претепале судија!

Тешка трагедија се случи на кадетски фудбалски натпревар во Холандија. Линискиот судија Ричард Ниевенхуизен(41) починал откако го претепале неколку фудбалери.
Тројцата фудбалери на возраст од 15 и 16 години се уапсени во недела вечер под сомнение дека порано истиот ден го претепале Ниевенхуизен непосредно по завршувањето на мечот меѓу нивниот клуб Ниуве Слотен од Амстердам и Буитенбојс од Алмере.
Холандските медиуми пишуваат дека несреќниот судија бил навредуван за време на целиот меч, а по завршувањето на мечот, неколку пати бил удрен во глава.
Ниевенхуизен отишол дома, но вечерта му се слошило и бил превезен во болница. Полицијата истата вечер ги привела насилните фудбалери, а клубот Ниуве Слотен ги исклучил и се повлекол од сите натпреварувања оваа сезона.
Во понеделникот полицијата потврди дека Ниевенхуизен починал, а пред објавата на несреќната вест реагираше холандската министерка за спорт Едит Шиперс.
„Апсолутно застрашувачки е такво нешто да се случи на холандските спортски терени. Тоа повеќе нема никаква врска со спортот“, рече министерката.
Преку соопштение се огласи и Холандскиот фудбалски сојуз.
„Што да им направиме на таквите луѓе кои во секој момент можат да излезат од шините на фудбалскиот терен затоа што не им се допаѓа некој или нешто? Статистиките покажуваат дека најмногу инциденти меѓу младите фудбалери се случуваат во оваа старосна група. Очигледно тоа се тешки години во кои одделни фудбалери знаат да бидат и безобзирни“, се вели во соопштението исто така објавено пред објавата на смртта на судијата. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025
Спорт
Македонија назадуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.
Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…
На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.
На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а а Холандија е шеста, пред Бразил.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија