Скопје
Чучер Сандево, Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров без струја

Корисниците на електрична енергија на дел од општините Чучер Сандево, Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров , во петок одреден временски период ќе бидат без струја.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , ги известува граѓаните дека на в петок без електрична енергија ќе останат следните корисници.
Од 6 до 7.30 часот, дел од корисниците од село Чучер -Сандево.
Од 8.30 до 10 часот, дел од корисниците од улиците „Горно Лисиче“ и „Божин Николов“ во Општина Аеродром , ќе бидат без струја.
Струја нема да имаат ни корисниците од ул. Пајак, поточно корисниците од стамбените објекти од бр.12 до бр.20. во Општина Центар и тоа во периодот од 8.30 до 13 часот.
Од 9.00 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците бр.31 и 33, лоцирани во близина на игралиштето „Бранители“ во Волково.
Во периодот од 9.30 до 15 часот, корисниците од село Горно Нерези, лоцирани во близина на црквата и џамијата во селото ќе немаат струја.
Без напојување ќе бидат и корисниците од ул. 52 во Стопански Двор, лоцирани во близина на обиколницата, во општина Ѓорче Петров во периодот од 10 до 15 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Покрсти ќе биде новата омилена туристичка дестинација на Скопје

Општина Кисела Вода интензивно работи на изградбата на новото рекреативно и туристичко место Покрсти, кое набргу се очекува да прерасне во омилена дестинација за љубителите на природата и рекреацијата од цело Скопје, велат од Општината.
„Сместена во зелена околина, со чист планински воздух и поглед над цело Драчево и околината, локацијата Покрсти го добива свој нов лик. Веќе е изградена асфалтирана рекреативна патека, а во тек се активностите за уредување на плоштад, велосипедски патеки и поставување на урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци и други содржини кои ќе овозможат пријатен престој за сите посетители.
Локацијата има и традиционално значење бидејќи токму по патеката Покрсти секоја година се движат стотици верници на вториот ден по Велигден. Со реконструкцијата, патеката која се протега во должина од над 8 километри ќе стане уреден простор за пешачење и велосипедизам, со што ќе се подигне и нејзината функционалност преку целата година. Овој проект е дел од пошироката стратегија на општина Кисела Вода за развој на спортско-рекреативни капацитети, заштита на животната средина и поттикнување на домашниот туризам“, информира Општината.
„Големите дела се остваруваат со упорност, посветеност и многу љубов. Покрсти е место со духовно значење, со природна убавина и огромен потенцијал. Сакаме да го вратиме сјајот на оваа локација и да го направиме достапно и пријатно за сите – за спортисти, семејства, туристи, рекреативци. Верувам дека Покрсти ќе стане вистинска атракција за нашата општина и за целиот град“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Македонија
Во Волково ќе се реконструира пат кон железничката станица, најави градоначалникот Стојкоски

Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на локалната инфраструктура.
Утринава беше извршен теренски увид во Волково, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на патот на пруга, крак на улица 100, со продолжение на улицата што води кон железничката станица, известува Општината.
„Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов за развој и за унапредување на секојдневието на жителите“, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.
Со овој зафат, се унапредува пристапот до железничкиот транспорт, а истовремено се подобрува и вкупната сообраќајна поврзаност во Волково, додаваат од Општината.
Македонија
(Фото) Стефковски: Почнавме со изградба на осум нови спортски терени

Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица.
Со ова започна реализацијата на новиот проект: Изградба на 8 спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба, известуваат од Општината.
„Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: ‘Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите’, денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување е исполнето во целост. Досега изградивме 27 спортски терени, а со изградбата на новите 8, оваа бројка ќе биде 33 спортски терени изградени за само 4 години, нешто што никогаш претходно не се случило“, истакна градоначалникот Стефковски.