Црна хроника
Нелегално превезуваат мигранти и бегаат од полицијата

Полицијата сопирала две возила што пренесувале мигранти, во два одделни случаи и двете се обиделе да избегаат.
Имено, во саботата околу 20.35 часот од страна полицајци од Неготино во близина на клучката кај Неготино на автопатот во правец Гевгелија- Скопје било извршено запирање на автомобил „Матиз“ со велешки регистарски ознаки, но истиот на дадениот знак не застанал туку го продолжил движењето.
Полициските службеници со службено возило се упатиле по него каде било престигнато и запрено кај местото викано Полна Цигла. Од страна на полициските службеници во возилото биле затекнати возачот М.Ѓ.(32) и пет мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци – Скопје.
Во друг случај истиот ден, околу 7.50 чaсот на автопатот во близина кај село Смоквица од полициски службеницио забележале автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки во кое влегувале повеќе лица, мигранти, а потоа заминало во правец на Скопје.
Полициските службеници му дале знак на возачот да го сопре возилото, истиот се оглушил на нивната наредба и продолжил да се движи и на околу 300 метри го запрел возилото и заедно со дел од мигрантите се дал во бегство.
Од страна на полициските службеници пронајдени се и приведени се 12 лица, мигранти од Алжир кои се превезувале во возилото по што истите се спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.