Македонија
Двајца загинати во сообраќајка во Охрид
Две лица загина, а едно се здоби со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа меѓу моторцикл и камион, што вчера попладнето се случи во Охрид.
Две лица загина, а едно се здоби со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа меѓу моторцикл и камион, што вчера попладнето се случи во Охрид.
Како што соопшти денеска МВР, несреќата се случила на раскрсницата помеѓу булеварот „Железничка“ и улицата „Абаз Емин“, при што дошло до судир меѓу помеѓу моторцикл „Јибен“ управуван од Горан С. (26) од Охрид и ТМВ „мерцедес бенз“ управуван од З.З. (22) од Струга.
Во незгодата на местото на настанот починал Горан С., додека , подоцна во болница починал и неговиот сопатник Мичел Б. (38) истотака од Охрид.
Со тешки телесни повреди завршил Н.Р. (31) од Охрид, кој истотака се возел на скутерот./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Кисела Вода без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека имаат планирано еден прекин со водоснабдување и тоа поради промена на затворач ф-200 мм на ул.Славејко Арсов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и висока зона од населбата Пржино, однос зградите над 4-ти кат.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)
Македонија
Облачно и студено време со повремени врнежи од дожд и снег
Променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен а вдолж Повардарието засилен северен ветер(над 60км/ч). Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделнии котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.
Македонија
Пановски доживеа сообраќајна несреќа: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен
Микробиологот и актуелен советник во Советот на Град Скопје, д-р Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа додека возел велосипед, во која за малку можел да загине.
Вели дека психички е во шок, а има и физички болки. Тој во описот пишува дека ќе бил смачкан, а возачот кој бил со автомобил џип, ќе бил душевно осакатен. Тој упати апел до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.
„По тоа што го доживеавме вчера, јас на велосипед и господинот во голем џип, ве преколнувам:
КОГА ЧЕКАТЕ НА СЕМАФОР, А СТЕ САМИ ВО АВТОМОБИЛ, ОСОБЕНО ЏИП, НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО МОБИЛЕН, ГЛЕДАЈТЕ ПРЕД ВАС, ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ!!!
Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ул. Никола Тесла со Илинденска (кај Трибека, и гим. Орце Николов), се движам по ул. Н.Тесла кон Илинденска со велосипед, закачувам за нешто со педалата, минувајќи меѓу колите кои чекаа на црвено, и тротоарот, и паѓам на стомак пред џипот кој чека прв на семафорот. Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу лица кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа, што прво со нњговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната подколеница која беше под рамот. Значи осети отпор и прикочи инаку, јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно. Значи, ако не гледате напред,а гледате во мобилен или на страна можеби под вашето возило во меѓувреме да паднал човек, дете итн.
Да ја завршам случката. За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав, крв од носот, очилата летнати (баш нови и скапи), ама ок беа, лаптопот и мобилниот преживејаа, велосипедот во посмртни остатоци, ама ќе се поправи, велосипедот ем ме турна во смрт, ама и ме спаси. Возачот на џипот ме зема во возилото, велосипедот во багажник и ме однесе дома. Го оставив смачканиот велосипед во гаража, се качив на друг и отидов на седница на Совет на Град Скопјев каде што бев и тргнат, истресов прашина и влегов во 11.30, доцнев 10 минути. По некое време гледам дека ме затега ногавицата кај подколеницата. Оток како тениско топче. На пауза отидов дома да се пресиблечам, кога потколеницата се наду како топка, и почнаа силни болки. Не можев ни до вц да одам без помош. Денес сум подобар, сам се движам, десната потколеница е само двапати подебела од левата, вчера беше трипати подебела и не ме боли. Лесни болки во рамо, колк, носот. Утре и ќе излезам од дома, значи ок сум физички, а психички сум се уште во шок, па затоа ја напишав оваа порака до возачите”, пишува Пановски.