Македонија
Следното „Општество“ нема да има слики од Пророкот Мухамед
Сликите од Пророкот Мухамед кои се појавија во спорниот учебник по „Општество“ биле една од посериозните причини поради што се донесе одлука овој учебник да биде повлечен, информираше денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
„Сигурен сум дека ваквите грешки нема да се повторат затоа што имаме формирано сериозен рецензентски тим кој што е целосно посветен на оваа работа,“ одговори на новинарско прашање, Министерот Тодоров. За ваквите грешки во учебникот реагираа и припадниците на исламската верска заедница, бидејќи во Исламот не е дозволено визуелно да се прикажува Пророкот Мухамед. Во врска со обвинувањата од проф. д-р Антоанела Петковска дека Министерството за образование манипулира со фактите во врска со спорниот учебник и дека рецензентите не добиле ниеден отпечатен примерок пред учебникот да биде објавен, Министерот на новинарско прашање одговори дека ова се сериозни обвинувања. „Сериозни обвинувања од рецензент, професор на универзитет кој дозволил еден учебник со ваква содржина да биде одобрен да биде пуштен во печатење, а најдобар демант и најдобар одговор за овие ставови на рецензентот е извештајот на тимот кој изврши стручна супер рецензија на целиот учебник и едногласно одлучи овој учебник да биде повлечен“, рече Тодоров. Учебникот по „Општество“ беше повлечен, откако се установи дека во него има големи грешки, меѓу кои и спорната 42-ра страница каде како значајни културни дејци од македонската култура се споменати Нора Шаќири, Ферус Мустафов, Тони Михајловски и други. Направената штета само за овој учебник ќе чини 1 милион денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Македонија
(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците
„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.
Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.
Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.
Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.