Свет
Изборот на медијаторите е изборна корупција
При изборот на кандидатите, освен за законски предвидените критериуми, се води сметка и за други елементи од нивната биографија
ЉУБИЦА РУБЕН тврди
При изборот на кандидатите, освен за законски предвидените критериуми, се води сметка и за други елементи од нивната биографија
И медијаторите, последните чинители на правниот систем, се ставени под капата на СДСМ, зашто се избрани без прецизни критериуми, смета Љубица Рубен, правна консултантка и управителка на правната фирма „Менс легис“, која беше одбиена на конкурсот за медијатори.
Таа бара одговорност од министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, зашто смета дека министерката избрала свои луѓе за медијатори. Во Министерството за правда велат дека при изборот на кандидатите, освен за законски предвидените критериуми, било водено сметка и за други елементи од нивната биографија, како што се поседувањето лиценци за друга дејност и за искуството во слични работи.
– Министерката за правда, пред заминувањето од функцијата, обезбеди уште една група од 30 луѓе, кои ќе бидат под капата на владејачката структура. Избор на луѓе, кои први ќе го освојат пазарот на медијатори, не се прави пред избори. Ова прилега на изборна корупција бидејќи тие луѓе и нивните семејства ќе бидат благодарни и ќе гласаат за владејачката структура. Вака, сите правни професии, па дури и најлибералната, како што се медијаторите, се ставени под контрола – рече Рубен.
Таа рече дека слушнала оти имало големи притисоци од министри и од други страни за изборот на првата група медијатори. На конкурсот се пријавиле околу 500 кандидати.
– Му предлагаме на донаторот, една холандска фондација, која го финансира проектот за едукација, да инсистира да се утврдат стриктни критериуми при избор на медијаторите, а не тоа да биде дискреционо овластување на министерката, односно на комисијата што ја формирала. На тој начин се крши Уставот, кој гарантира еднакви услови за сите да се занимаваат со професијата што ја избрале и право на жалба. Во случајот ние како одбиени не сме ни информирани за одлуката, ниту имаме право на жалба – рече Рубен.
Законот за медијатори предвидува кандидатите да имаат високо образование, петгодишно работно искуство и да не се осудувани.
– Не можам да кажам за сите избрани кандидати, но дел од нив се блиски со владејачката структура, а многу се и членови на Управниот одбор на Адвокатската комора, меѓу кои е и претседателот на комората. Тие станаа медијатори иако, одговорно тврдам, беа против воведувањето на медијаторството кај нас и го блокираа формирањето на здружението на медијатори уште пред една година. На првите медијатори им е овозможено и први да го освојат пазарот, да ја формираат комората на медијаторите и со тоа да воспостават контрола врз неа. Ова е предизборен скандал и корупција за прибирање гласови – обвинува Рубен.
Во министерството најавија дека следниот избор на нови 60 кандидати за медијатори ќе се изврши во септември, а дека до крајот на годинава ќе се формира Комората на медијаторите, која во иднина ќе избира членови. Прв пилот-суд ќе биде скопскиот Основен суд 1, најверојатно судот во Струмица, а се очекува воведувањето на медијаторството да заврши во 2008 година.
(Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Грција: човек затворил 58 мачки и ги мачел, осуден на 1,7 милиони евра казна
Грчки суд изрече казна од 1,7 милиони евра за суровост кон животните.
По дојава од минувачи, грчката полиција наишла на затвор за мачки. 68-годишен Грк затворил 58 мачки во трошна зграда. Ги оставил без храна, вода и ги мачел. Уапсениот човек им рекол на властите дека собирал животни скитници бидејќи бил чувствителен на нивната тешка состојба.
Неговите адвокати се обидоа да го претстават како ментално болен, но експертите на судот докажаа дека тој бил свесен за своите постапки.
За првпат, суд изрече казна од 1,7 милиони евра поради екстремната суровост на делото, коментираат адвокатите.
Судиите, исто така, ги забележаа претходните нечовечки и сурови дела на обвинетиот кон кучињата.
Животните се сместени во засолниште и за нив се грижи соопшти Сојузот за заштита на животните.
Регион
Борисов: Имаме предложено име за посебен управител во ‘Лукоил’, чекаме Радев да се изјасни
Чекаме претседателот Радев да донесе одлука – да стави вето или да го усвои законот, имаме име за посебен управител во Лукоил, тоа е договорено со партнерите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во парламентот.
Според него, единствената улога на шефот на државата е да стави вето на законот или да го донесе, а не да дава совети.
„Знам зошто го направи тоа, беше иритиран од писмо што му го испратив доверливо“, рече Борисов, без да даде детали.
„Можам да го уверам претседателот Радев дека секоја акција што ја преземаме е координирана со Европската комисија, OPAC и Министерството за енергетика на САД. Затоа, сè што барам е да проговори“, додаде Борисов, цитиран од БГНЕС.
Според него, доколку Радев не стави вето, веднаш ќе биде назначен управител.
„Сè е во ред – имаме бензин шест месеци, дизел четири, керозин два месеци“, објасни понатаму лидерот на ГЕРБ.
Борисов беше категоричен дека Пеевски нема да ја земе рафинеријата, исто како што нема да ја земат Кирил Петков и Асен Василев.
Свет
(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време на настан во Овалната соба, објавува „Индипендент“.
Сè се случи вчера, за време на положувањето заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористи приликата да одржи неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земни метали.
Trump: "Nobody knows what magnets are." pic.twitter.com/nxnLmKbFDP
— Aaron Rupar (@atrupar) November 10, 2025
„Кина ќе нè удри со ретки земни метали. Сега сите велат: ‘О, што значи тоа?’ Магнети. Ако Кина одбие да ни даде магнети, затоа што има монопол врз магнетите… немаше да се произведува ниту еден автомобил во целиот свет“, рече Трамп.
Тој продолжи со збунувачкото тврдење дека „никој не знае што се магнети“, пред да го пофали она што го нарече „одлична зделка“ што Кина и САД ја постигнаа претходниот месец.
фото: принтскрин

