Свет
Граѓаните му должат на „Телеком" над 25 милиони евра
„Македонски телекомуникации” ангажира агенција за да ги наплати побарувањата од должниците
„Македонски телекомуникации” ангажира агенција за да ги наплати побарувањата од должниците
На 15 јули годинава, по претходно распишан меѓународен тендер, †Телеком” потпиша договор со агенцијата †Кредит експрес”, која е овластена да ги наплатува побарувањата во име и за сметка на МТ
ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА
Во обид да го наплати долгот од граѓаните што имаат многу заостанати сметки, ?Телекомми ангажирал компанија што ќе ги наплатува побарувањата од должниците. Станува збор за агенцијата ?Кредит експресси која е овластена од ?Телекомми за наплата на долговите.
>?Кредит експресси во изминативе неколку дена писмено ги известила должниците дека е овластена да ги презема сите нужни чекори во интерес на наплатата на побарувањата на телекомуникациската компанија, вклучително и склучување договори, лични посети во врска со наплатата, телефонски повици и усогласување на спорните елементи.
Неофицијално дознаваме дека околу 600 граѓани во Скопје добиле известувања од ?Кредит експресси дека во иднина ќе контактираат со оваа агенција за наплата на долгот, при што на секој должник поединечно стриктно му е наведено колкав е долгот спрема ?Телекомми и рокот до кога треба да ги платат сметките за телефон.
Во изминатиов период, ?Телекомми ги оставаше своите должници сами да ги намират своите долгови, тогаш кога ќе можат, без да врши притисок врз нив. Практиката покажува дека оние што должат, се случува со години да не ги плаќаат сметките, иако линиите им се исклучени во двата правци. А како поволност, ?Телекомми на должниците им нуди плаќање на долгот на рати, но и ова не е доволен повод за многумина да ги намират заостанатите сметки. Па така, на компанијата досега не Ј остануваше ништо друго освен долговите да ги собере по судски пат. Моментално, според последните податоци, ?Телекомми има побарувања од една милијарда и петстотини дваесет милиони денари или граѓаните на компанијата Ј должат околу 25 милиони евра.
Ангажирањето на агенција за наплата на побарувањата претставува новина кај нас и оттука ваквиот начин на собирање на долговите предизвикува реакција во јавноста, пред сў, кај должниците на ?Телекомми на кои им е несфатливо сметките за телефон да ги наплаќа агенција.
Во ?Телекомми објаснуваат дека МТ објавил меѓународен тендер за избор на агенција за наплата на долгови, следејќи го меѓународното искуство и воспоставената практика на сите големи провајдери на телекомуникациски услуги да ангажираат агенции за наплата на побарувањата, со цел да се зголеми ефикасноста во постапката на собирањето на долговите. ?Контактирањето и собирањето на долговите се однесува на сите должници на МТ без оглед дали станува збор за резиденцијални или бизнис-кориснициии, објаснува Валентина Недкова, портпарол во ?Македонски телекомуникацииии. Таа додава дека ?Кредит експресси е водечка меѓународна компанија во наплата на побарувањата, која има свое претставништво и во Македонија. Оваа агенција има искуство во собирање на побарувањата за други големи провајдери на телекомуникациски услуги во други земји во Европа, како што е Унгарија, Хрватска, Словачка, Русија, Словенија и Чешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Монд“: Одбраната на источното крило на ЕУ треба да биде приоритет поради руската закана
Одбраната на источното крило на Европа треба да биде „непосреден“ приоритет поради руската закана, изјавија денес лидерите на осум земји од Северна и Источна Европа на самитот одржан во Хелсинки, објави парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.
„Русија останува закана денес, утре и во догледна иднина“, изјави финскиот премиер Петери Орпо на прес-конференција.
Ситуацијата бара источното крило на Европската Унија (ЕУ) да добие непосреден приоритет преку оперативен, координиран и повеќедоменски пристап, изјавија во заедничка изјава лидерите на Финска, Шведска, Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Романија и Бугарија.
Потписниците ја нагласија потребата од зајакнување на копнените борбени капацитети, одбраната од беспилотни летала, воздушната и ракетната одбрана, заштитата на границите и критичната инфраструктура во рамките на ЕУ и во соработка со НАТО.
„ЕУ може да игра важна улога преку поддршка на напорите на поединечните земји-членки за зајакнување на нивните одбранбени капацитети, преку дефинирање на финансирањето, поедноставување на регулативите и подобрување на воената мобилност“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Тој додаде дека нема знаци дека Русија сака мир во Украина.
Фото: депозитфотос
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос

