Македонија
Јакупи: ДИК е подготвена за избори
NULL
Државната Изборна Комисија, по оставката на претседателот Александар Новакоски, е подготвена за спроведување на евентуални предвремени парламентарни избори, вели заменик-претседателот на оваа институција, Субхи Јакупи.Вели дека членовите на комисијата својата функција ја извршуваат професионално и дека се подготвени да одговорат на евентуална одлука на Собранието за распишување на предвремени парламентарни избори.„Тогаш кога ќе одлучат институциите, односно парламентот, тогаш ние не можеме да кажеме дека не сме подготвени. Значи, како институција сега се надградувавме, имаме вработени, имаме служба и ние како Државна Изборна Комисија и членовите сме подготвени за да се соочиме со тоа што значи избори“, изјави Јакупи.Заменик-претседателот на комисијата вели дека, доколку во рок од три дена опозицијата не предложи нов претседател на комисијата, изборот, согласно законот ќе се врши на конкурс.Јакупи директно не ги коментираше информациите дека оставката на Новаковски е поради политички притисок. „Тоа јас не можам да го коментирам. За тоа дали имало притисоци, треба да одговори самиот тој. Државната Изборна Комисија, и јас лично, како заменик-претседател не можам да кажам дека имаме притисоци“, изјави Јакупи. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно.
„Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, Општина Аеродром се стреми кон поефикасно, поодговорно и поотворено институционално работење.
Анкетата е кратка, трае помалку од една минута, целосно е анонимна и при нејзиното пополнување не се прибираат лични податоци. Граѓаните можат да учествуваат со скенирање на QR-кодот поставен на официјалните информативни банери, по што се отвора кратка анкета што се пополнува со неколку клика“, велат од општина Аеродром.
„Секоја оцена, мислење и искуство од граѓаните ќе послужи како значајна основа за унапредување на услугите и за подобрување на вкупниот квалитет на работењето на општина Аеродром.
Општина Аеродром изразува благодарност до граѓаните за укажаната доверба и за активното учество во процесите што придонесуваат кон развој на поодговорна и сервисно ориентирана локална самоуправа“, се додава во соопштението на општина Аеродром.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Македонија
Хуманитарен настан за одбележување на 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина.
Националната мрежа која во себе брои 25 организации членки, го одбележува јубилејот 15 години од своето основање и активна работа на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство вклучително и семејно насилство, фемицид како и застапување на интересите на жртвите.
Донација кон Интервентниот женски фонд може да остварите преку купување на билет ТУКА.

