Свет
Обама најави форум на велесилите за климата и енергијата

Обама има намера да поттикне форум на 17-те најразвиени држави. Белата куќа издаде соопштение дека форумот треба да се одржи во Вашингтон на крајот од април, пред јулскиот самит во Италија
Првенствена идеја на форумот под покровителство на претседателот Барак Обама би било да се олесни дијалогот меѓу најразвиените и земјите во развој, давање помош до создавањето неопходни политички предуслови за постигнување позитивни резултати во преговорите за климатските промени кои треба да е одржат под покровителство на Обединетите нации во Копенхаген кон крајот од годинава.Форумот во Вашинтон би се занимавал и со напредокот на конкретните истражувања на инициајтиви и партнерсства за да се золеми ползувањето на сопствените енергетски потенцијали и намалување на емисијата на гас во атмосферата за да се намали ефектот на стаклената градина.Американските медиуми велат дека подготвителниот состанок ќе се одржи во Стејт департментот на 27 и 28 април, на кој ќе присуствуваат претставниците на 17-те најголеми светски економии и Генералнито претседател на ООН, Бан Ки Мун. Инаку самитот на шефови на држави и на влади ќе се одржи на Сардинија во април, а состанокот на Конвенцијата на ООН за климатксит епромени во Копенхаген во декември треба да овозможи потпишување нов договор кој би се надоврзал на Протоколот од Кјото кој истекува во 2012 г.Првиот круг од овие преговори почнува во недела во Бон, под покровителство на ОН каде со нетрпение се очекуваат претставницитена САД: Поранешниот американски претедател Џорџ Буш не сакаше да го ратификува Протоколот од Кјото, додека Обама неколкупати изјави дека е подготвен на договор за систем за правата за испуштање јаглероден диоксид кој важи во Европската Унија.Во Бон развиените држави ќе се доовараат околу прецизирањето за колку ќе ги намалат сопствените емисии на гас. До 2020 г. во однос на 1990-та, како и долгорочно до 2050 г. Ова ќе биде правапт и држави во раззвој да бидат повикани да се заземат против зголемувањето на нивните емисии на гас, пишуваат светските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Дел од Австрија под вода: спасени се 150 млади луѓе

Доброволната противпожарна бригада на селото Цел синоќа евакуираше 150 деца и млади луѓе кои учествуваа во извиднички камп во тој австриски регион, откако реката одеднаш се зголеми поради обилните дождови.
Пожарникарите, исто така, помогнаа во расклопувањето на шаторите, додека поради неповолните временски прогнози, кампот на крајот беше целосно откажан.
Според информациите од властите, човечките животи не беа директно загрозени, објави „Кронен Цајтунг“.
Неколку обилни дождови предизвикаа и интервенција на пожарникарите во западна Долна Австрија, според заменик-началникот на противпожарната служба на округот Амштетен, Јозеф Фуксбергер, додавајќи дека дел од градот Хајдерсхофен е целосно отсечен поради поплави.
Исто така, беше поставена подвижна одбрана од поплави за заштита на објектите, рече Фуксбергер.
Фото: принтскрин
Свет
Фон дер Лајен за договорот со САД: Го добивме најдоброто што можевме да го добиеме

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го бранеше постигнатиот трговски договор со Соединетите Американски Држави, нарекувајќи го „најдоброто што можевме да го добиеме“ и додавајќи дека не треба да се потценува со оглед на претходните закани за воведување царини од 30 проценти врз ЕУ.
Основна царинска стапка од 15 проценти за стоките од ЕУ увезени во Соединетите Американски Држави ќе се применува за повеќето стоки, вклучувајќи автомобили, полупроводници и фармацевтски производи, рече фон дер Лајен.
Во меѓувреме, договорени се нулти царини за одредени стратешки производи, вклучувајќи авиони и делови за авиони, одредени хемикалии и некои генерички лекови. Таа додаде дека не е донесена одлука за царинската стапка за вина и жестоки пијалоци.
Кога ја прашаа дали смета дека царината од 15 проценти е добра зделка за европските производители на автомобили, фон дер Лајен им рече на новинарите: „15 проценти не треба да се потценуваат, но тоа е најдоброто што успеавме да го добиеме“.
Европската Унија вети дека ќе купи американски течен природен гас (ТПГ) и нуклеарно гориво во вредност од 750 милијарди долари во текот на три години.
„Сè уште имаме премногу руски течен природен гас што влегува низ задната врата“, рече таа.
Европската комисија предложи постепено укинување на увозот на руски гас до 1 јануари 2028 година.
„Денешната спогодба гарантира безбедност во неизвесни времиња, носи стабилност и предвидливост“, изјави Фон дер Лајен за новинарите пред да ја напушти Шкотска. Соединетите Американски Држави постигнаа договор за рамковна трговија со Европската Унија во неделата.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Трамп „ја изеде за појадок“ фон дер Лајен

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, живописно оцени дека тоа не е договор, туку дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изел претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за појадок“, објави унгарската новинска агенција МТИ.
Орбан во онлајн емисија наречена „Борбен час“ изјави дека однапред го очекувал овој исход, со оглед на тоа што американскиот претседател е „тешкаш“ за разлика од претседателката на Европската комисија, која е „лесна“.
„Позицијата на американскиот претседател беше многу постабилна, додека позицијата на претседателката на Комисијата отсекогаш беше покревка“, додаде тој.
САД неодамна склучија сличен договор со Обединетото Кралство, кој е „многу подобар од овој“, смета Орбан. Тој додаде дека европскиот договор тешко дека ќе може да се претстави како успех.