Спорт
Светски рекорд на Сун Јанг, петто злато за Лохте
На последниот ден од пливачките натпревари на Светското првенство во Шангај Кинезот Сун Јанг победи во трката на 1.500 метри со нов светски рекорд во време од 14:34,14 минути со што го подобри стариот рекорд за 42 стотинки од секундата.
На последниот ден од пливачките натпревари на Светското првенство во Шангај Кинезот Сун Јанг победи во трката на 1.500 метри со нов светски рекорд во време од 14:34,14 минути со што го подобри стариот рекорд за 42 стотинки од секундата.Американецот Рајан Лохте го освои својот петти златен медал во трката на 400 метри мешано (4:07,13 минути), победувајки пред Тајлер Клари (САД) и Јуа Хорихата (Јапонија). Со овој медал и вкупно шест освоени на првенството Лохте е најуспешен пливач на шампионатот.Резултати:50 метри градно жени: 1. Џесика Харди (САД) 30,192. Јулија Ефимова (Русија) 30,493. Ребека Сони (САД) 30,5850 метри краул жени:1. Тереза Алшамар (Шведска) 24,142. Рамони Кромовиџоџо (Холандија) 24,273. Марлен Вејдхус (Холандија) 24,49400 метри мешано жени:1. Елизабет Бејсел (САД) 4:31,782. Хана Мили (В.Бри9танија) 4:34,223. Стефани Рајс (Австралија) 4:34,23400 метри мешано мажи:1. Рајан Лохте (САД) 4:07,132. Тајлер Клари (САД) 4:11,173. Јуа Хорихата (Јапонија) 4:11,9850 метри грбно мажи:1. Лиам Тенкок (В. Британија) 24,502. Камиј Лакур (Франција) 24,573. Герхард Зандберг (Ј. Африка) 24,661.500 метри краул мажи:1. Сун Јанг (Кина) 14:34,14 (св. рекорд)2. Рајан Кохрејн (Канада) 14:44,463. Џерџ Киш (Убгарија) 14:45,66Штафета 4х100 мешано мажи:САД (Томас, Ганглоф, Фелпс, Адријан) 3:32,06Австралија (Штеке, Рајкард, Гуеке, Магнусен) 3:32,26Германија (Меуф, Фелдвер, Старке, Бидерман) 3:32,60Преглед на медали:1. САД 17 6 9 322. Кина 15 13 9 363. Русија 8 6 4 184. Бразил 4 0 0 45. Италија 3 4 2 96. В. Британија 3 3 0 67. Австралија 2 10 4 168. Франција 2 4 5 11…. Крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

