Свет
Закајев пуштен на слобода
Окружниот суд во Варшава вечерва го пушти на слобода чеченскиот лидер Ахмед Закајев, премиер на чеченската влада во егзил, кој беше уапсен денеска по потерница на Интерпол, а на барање на Русија.
Окружниот суд во Варшава вечерва го пушти на слобода чеченскиот лидер Ахмед Закајев, премиер на чеченската влада во егзил, кој беше уапсен денеска по потерница на Интерпол, а на барање на Русија.
Екстрадицијата на Закајев, кој има политички азил во Велика Британија од 2003. година, Русија бара поради обвинувања дека организирал и е вмешан во низа терористички напади во Чеченија и Русија, пренесува Бета.
Поради тежината на обвинувањето, полското обвинителство денеска по сослушувањето побара од судот да нареди максимални 40 дена затвор за чеченскиот лидер и одлуката за екстрадиција да ја сочека зад решетки.
Но, судот барањето на Обвинителството го одби и Закајев се упатил на третиот светски конгрес на Чеченците во Пултуск, крај Варшава, поради што и допатувал во Полска.
Одлуката на судот не е правосилна бидејќи Обвинителството има право на жалба.
Апсењето на Закајев предизвика во Полска жестоки протести на организациите за човекови права, целата опозиција и посткомунистичката левица, како и конзервативците на поранешниот премиер Јарослав Качињски, кои ја обвинија владата на премиерот Доналд Туск дека е срамно сервилна кон Русија.
Полските власти поради важечката потерница на Интерпол се должни да започнат процес на одлучување за екстрадиција на Закајев, но тој не мора да ја сочека пресудата во затвор, како што побара Русија која притиска чеченскиот лидер да биде испорачан што поскоро.
Аналитичарите во Полска апсењето на Закајев го споредуваат со случајот на полско-францускиот режисер Роман Полански.
Исто како Швајцарија Полански, Полска го уапси чеченскиот лидер дури тогаш кога од Русија доби нота во која се потсетува дека по чеченскиот лидер е распишана потерница.
Само оваа година Закајев бил во Полска трипати и никој не го апсеше. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети
Неколку региони во Русија прогласија воздушна тревога и пријавија прекини на струја и греење поради украински напади со дронови и ракети.
Во Белгородската област, која се граничи со Украина на запад, гувернерот Вјачеслав Гладков денеска на Телеграм напиша дека еден напад ја оштетил енергетската и грејната инфраструктура на градот. Тој додаде дека се вршат поправки, а пријавени се и оштетувања на објекти и возила.
Во соседната Воронежка област, која се граничи со Белгород на исток, гувернерот Александар Гусев исто така пријави ракетни и напади со дронови, наведувајќи дека противвоздушната одбрана пресретнала дел од дроновите.
Пожар во едно општинска постројка бил брзо изгаснат, иако непотврдени извештаи на социјалните мрежи тврдат дека била погодена градската комбинирана термоелектрана.
Гусев предупреди дека делови од Воронеж би можеле привремено да останат без струја и да имаат прекини во греењето. Тој исто така пријави оштетувања на објекти на една градежна компанија и неколку возила. На жителите им беше препорачано да се засолнат во бункери како мерка на претпазливост.
Во градот Таганрог во Ростовската област исто така имаше извештаи на социјалните мрежи за експлозии и прекини на електрична енергија.
Во меѓувреме, Украина соопшти дека претрпела десетици напади, нарекувајќи ги едни од најжестоките руски ракетни и напади со дронови врз нејзината енергетска инфраструктура од почетокот на војната.
Од 69 напади со дронови, 34 биле одбиени, според украинските власти. Ден претходно, Русија изврши напади со 458 дронови, 45 ракети и крстосувачки проектили.
Народот на Украина и понатаму е сериозно погоден од прекини на струја, греење и топла вода, пренесе ДПА.
Свет
Три лица загинаа, а 15 се повредени откако Тенерифе го погодија џиновски бранови
Џиновски бранови однесоа десетина луѓе во морето кај Тенерифе, вклучувајќи многу туристи, при што три лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти на шпанскиот туристички остров, пренесе ДПА.
Весникот „Диарио де Ависос“ денеска објави дека три лица загинале вчера „трагичен ден“ покрај брегот на Тенерифе.
Една од жртвите била 79-годишна холандска државјанка, според медиумските извештаи. Властите ја потврдиле нејзината националност, но нејзината точна возраст сè уште не е потврдена.
Инцидентот се случи вчера попладне во Пуерто де ла Крус, град на северниот брег на Канарскиот Остров, кога силата на брановите ја однеле неа и уште девет лица во водата.
Полицајците и случајните минувачи успеале да ги извлечат сите на брегот. За жал, Холанѓанката доживеала срцев удар и починала и покрај обидите за реанимација од страна на болничарите на местото на настанот.
Останатите девет лица, меѓу кои и тројца француски туристи, се пренесени во болница со различни повреди, од кои некои се сериозни.
Втора жртва е пријавена во Чарко дел Виенто, на околу 15 километри западно од Пуерто Ла Крус. 43-годишен Шпанец паднал во морето додека ловел риба.
Тој бил брзо спасен со хеликоптер, но болничарите можеле само да ја констатираат неговата смрт, според весникот „Ел Дија“. Властите веруваат дека најверојатно бил удрен од џиновски бран, иако немало очевидци.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.

