Регион
Хрватскиот премиер Милановиќ бара промена на српското законодавство
Србија со законот за универзална јурисдикција над државјаните на Хрватска не може да влезе во Европската унија (ЕУ) и Хрватска тоа нема да го дозволи, изјавил во четвртокот хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, пренесува Танјуг.
По тој повод, обвинителот за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ за Reuters оценил дека ваквите забелешки на Хрватска се политички мотовирани.
„Овој закон со години е на сила во Србија. Очигледно, хрватската влада поради политичи причини го избра овој момент, а не поради тоа што постои реална потреба“, изјавил Вукчевиќ.
Милановиќ на седница на хрватсакта влада изјавил дека Србија мора да го повлече овој закон, наведувајќи дека Хрватска нема таков закон во однос на другите држави, па нити за Србија, и додал дека ЕУ функционира по одредени правила во подрачјето на правосудната соработка и заедничкиот налог за апсење.
Овие правила се доста јасни, а законот кој е на сила во Србија е надвор од тие рамки, изјавил Милановиќ и го повикал Белград да го укине тој закон.
„За нас е неприфатливо, како што за секој друг би било неприфатливо ние да имаме таков закон“, рекол Милановиќ.
Хрватскиот премиер смета дека не е допуштено, нити прифатливо, нити пак во согласност со заедничкиот налог за апсење и начелата на правосудната соработка, да се пропише таков вид на јурисдикција внатре во Унијата.
Милановиќ смета дека ова на Белград му е „совршено јасно“, пишува Hina.
За целиот случај да не се претвори во, според него, политички пинг-понг, Милановиќ истакнал дека „здраворазумски е веднаш да се укаже и да и се упати порака на Србија дека со таков закон, таа во ЕУ нема да може да влезе и Хрватска тоа нема да го дозволи“.
„Ние не им го правиме тоа на другите и нема да дозволиме другите да ни го прават тоа нас. Бараме од соседната држава само да се изедначи со сите останати, нити помалку нити повеќе. Доколку тоа не е фер, чекам противаргументи“, порачал хрватскиот премиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите
Србија се соочува со сериозен дефицит на квалификувани работници во автосервисите, а според проценките недостасуваат меѓу 30.000 и 40.000 занаетчии од сите профили. Овој проблем не е специфичен само за нашите соседи, туку е присутен и во цела Европа, каде автомеханичарите и каросериските работници се едни од најдефицитарните професии.
Побарувачка за механичари и машинисти
Една од најбараните групи занимања се механичарите и машинистите, каде што работодавачите бараат речиси 300 мајстори од овој профил во канцеларијата за труд. Интересно е што многу работодавци се подготвени да ги вработат овие работници и без претходно искуство, а понудените плати се движат од 70.000 до над 150.000 динари. Овој податок укажува на голема побарувачка за овој профил на работници и можности за добро платена работа дури и за оние без искуство.
Проблеми со незаконската работа
Еден од проблемите со кои се соочува оваа индустрија е незаконското вршење на сервисирање возила. Неофицијално, се проценува дека околу половина од автосервисите се диви, што создава сериозни проблеми и од аспект на фер конкуренција и од еколошки аспект. Имено, сервисерите на автомобили имаат обврски во однос на отстранувањето на опасниот отпад, како што е моторното масло, а незаконското извршување на овие работи може да има штетни последици за животната средина.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.