Македонија
Голем пад на МБИ 10 идексот
Водечкиот индекс на Македонска берза МБИ-10 на денешното тргување оствари големо намалување од 3,75% со што вредноста му се намали на 2.472,92 поени
Водечкиот индекс на Македонска берза МБИ-10 на денешното тргување оствари големо намалување од 3,75% со што вредноста му се намали на 2.472,92 индексни поени.
Индексот МБИД се намали за 2,96% со вредност која се спушти на 2.276,16 индексни поени, а ОМБ се позиционираше на 106,14 индексни поени со раст од 0,27%.
Прометот од денешното тргување со хартии од вредност на берзата изнесуваше 12.636.399,93 денари, од што на официјалниот Пазар од се оствари промет од 11.791.755,93 денари преку 140 трансакции.
На редовниот пазар се оствари промет од 844.644,00 денари преку 18 реализирани трансакции.
Со акцијата на Алкалоид се оствари најголемиот промет на пазарот воопшто, а тој изнесуваше 2.292.380,00 денари. Се постигна просечна цена од 4.349,87 денари што претставува пад од 4,97% во однос на претходниот ден на тргување. Најниската реализирана цена на овие акции при тргувањето беше 4.251,00 денари а највисоката 4.500,00 денари. Вкупно беа истргувани 527 акции.
Малку послаб промет од 2.263.241,00 денари имеше акцијата на Макптерол Скопје чија просечна цена од 39.021,40 денари оствари дневно намалување за 2,46%. При тргувањето се постигна минимална цена од 35.502,00 денари а максималната изнесуваше 39.999,00 денари. Се истргува количина од 58 акции.
Со акцијата на Гранит Скопје се оствари промет од 1.947.105,00 денари. Просечната цена изнесуваше 589,67 денари остварувајќи остар пад од 6,79%. Максималната истргувана цена изнесуваше 617,00 денари а минималната 573,00 денари. Вкупно се истргуваа 3.302 акции.
Акцијата на Тутунска Банка оствари промет кој беше најголем на редовниот пазар, а изнесуваше 291.100,00 денари. Се постигна просечна цена од 4.100,00 денари и раст од 0,25% при истргувани 71 акции.
Промет од 177.723,00 денари имаше акцијата на ОКТА Скопје. Просечната цена од 2.434,56 денари значеше пораст од 1,40% а беа истргувани 73 акции.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Алкалоид Скопје
2. Макпетрол Скопје
3. Гранит Скопје
4. Р.Македонија – Денационализација 08
5. Комерцијална Банка Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. РЖ Институт Скопје 2,40%
2. ОКТА Скопје 1,40%
3. Р.Македонија – Денационализација 03 1,29%
4. Р.Македонија – Денационализација 06 1,08
5. Р.Македонија – Девизни Влогови 1,08%
Хартии од вредност со најголем пад
1. ИДЕВЕЛОП Скопје 17,65%
2. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 8,18%
3. РЖ Интер-Трансшпед Скопје 7,04%
4. Гранит Скопје 6,79%
5. Макстил Скопје 6,25%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

