Македонија
??????: ???????????? ?? ???? ?? ???? ?? ?????????? ?? ?????
Грчките претставници и денеска на завршната фаза со истите аргументи ја бранат Грција во врска со тужбата која ја поднесе Македонија против Грција пред судот во Хаг.
Грчките претставници и денеска на завршната фаза со истите аргументи ја бранат Грција во врска со тужбата која ја поднесе Македонија против Грција пред судот во Хаг.
Професорот Mајкл Рисман уште еднаш повтори дека поднесената апликација не е во надлежност на судот и дека судот не може да го оценува однесувањето на Грција без да го оценува однесувањето на НАТО.
„Апликацијата не може да биде во јурисдикција на судот. Доколку судот го прифати барањето на подносителот, всушност де факто ќе го реши прашањето за името и ќе се решат преговорите кои се бараат во резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН и со тоа ќе се реши прашањето на името во корист на подносителот“ рече Рисман.
Тој вели дека судот не може да го оценува однесувањето на Грција без да го земе во предвид однесувањето на сите земји членки од НАТО.
„Како може да ја разгледува апликација без да го разгледува однесувањето на НАТО и неговите членки. Доколку се работи за одлука на НАТО, секое дејствување кое го презела Грција како такво не ја прекршило Времената спогодба. Од тоа излегува дека и НАТО ја прекршило Врмената спогодба, а судот нема јурисдикција да го разгледува однесувањетио на НАТО,“ вели Рисман.
Со настапот на грчкиот тим пред Меѓународниот суд на правдата, денеска во Хаг финишира вториот и последен круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција.
Предвидено е по ова судот да се повлече до донесувањето на одлуката. Се очекува конечната пресуда да биде соопштена најдоцна наесен/крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.
Македонија
Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги
Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.
Тој во текст објавен на социјалните мрежи пишува дека безбедносно – разузнавачките институции не се реформирани, а во нивните рамки се направени сериозни злоупотреби кои мора да бидат предмет на истрага од страна на Јавното обвинителство. Овие злоупотреби, според Чулев, се потврда за користење на институциите за следење и негативно етикетирање на личности, како и за обиди за спречување на промена на власта.
„Во контекст на наводите објавени од премиерот Христијан Мицкоски за фабрикувани конструкции за пара-полициски вооружени формации, јавно го повикувам Обвинителството да истражи зошто ваквите информации не беа доставени до МВР, иако тоа експлицитно го побаравме во неколку наврати. Имено, по преземањето на функцијата технички министер, побарав писмено, но и во рамки на работен состанок, од надлежните институции да достават информации за потенцијални безбедносни ризици во пресрет на одржување на изборите. Вакви информации, до мене, МВР, но и до владата и Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во тој период воопшто не беа доставени“, вели Чулев.
Ексминистерот натаму прашува доколку институциите располагале со такви информации за сериозни безбедносни закани, зошто истите не биле доставени до надлежните институции во исклучително сензитивниот предизборен период и покрај тоа што истото во неколку наврати било побарано од негова страна. Додава дека неопходно е јавното обвинителство да отпочне активности за решавање на овие отворени прашања и утврдување на сите инволвирани лица и незаконски дејствија.
Скопје
Без вода попладнево неколку улици во Скопје
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради уличен водоводен дефект од Ф 80 мм на улицата Роза Луксембург бр. 8, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Роза Луксембург, Христо Смирненски, улицата 9 Мај, улицата Костурски херои, Борка Талевски, Васил Стефановски, Петар Попарсов и улицата Диме Аницин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 16 часот до санирање на дефектот.