Свет
Паркинзите во Државна издадени за 100 евра месечно
Неофицијално, петте паркинзи под кирија ќе останат во наредните 10 години, а новиот газда со договорот добил и право да изгради нов, за паркирање на над 1000 возила.
КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ДАВА ПОД НАЕМ ЗЕМЈИШТЕ ЗА БАДИЈАЛА
Неофицијално, петте паркинзи под кирија ќе останат во наредните 10 години, а новиот газда со договорот добил и право да изгради нов, за паркирање на над 1000 возила.
Паркинзите во Државна болница се дадени на користење за бадијала. Според неофицијални информации, новиот газда за нивното работење ќе плаќа околу 100 евра месечно, пари кои, како што коментираат некои сопственици на други паркинзи во градот, ќе се извадат за половина ден. Засега е предвидено петте паркинзи под кирија да останат во наредните 10 години. Освен што ќе ги користи постојните, концесионерот, за кого се шпекулира дека е близок до владејачката коалиција, добил право да изгради уште еден нов паркинг. Вработените во Државна кажуваат дека локацијата е веќе позната и станува збор за дел од паркот спроти Хируршките клиники во кој е сместен и хелиодромот. Новиот паркинг ќе биде точно под глава на најтешко болните и под прозорецот каде што лежат оперирани пациенти на Хирургија.
Шпекулациите се дека за користењето на паркинзите, Клиничкиот центар не распишал тендер и дека целата работа е договорена во четири очи. Дека е нешто сомнително потврдува и одбивањето на директорот на Државна проф. д-р Андреја Арсовски четири дена да даде какво било објаснување за концесијата на паркинзите.
“Директорот не е во Управа, докторот е на состанок, Арсовски е на комеморација”, беа коментарите на неговата секретарка и други вработени во Управата.
Дури ни претседателот на Управниот одбор на Клинички проф. Владо Георгиев не знаеше да каже кој е новиот газда и под кои услови се издадени паркинзите во установата за која тој има обврска да се грижи.
” Не знам, сум заборавил дали имаше тендер. Знам, имаше нешто, ама кога беше тоа не се сеќавам. Прашајте во Управа тие ќе ви кажат. Ние како Управен одбор сега само распишуваме јавен повик, но директорот има право по него да одлучи лично, без наша согласност”, ни изјави проф. Георгиев.
” Ги расчистија грмушките, исекоа некои дрвца што имаше тука и веќе почнаа со тампонирање. Кај и да е, и тука ќе почнат да се паркираат коли. Никој не кажува кој е новиот газда, ама едно е сигурно, добил златна кокошка оти луѓето кои влегуваат во Државна не прашуваат колку чини влезот, важно им е болниот да го донесат до потребната болница”, велат вработените во Клиничкиот центар. Новиот газда на паркинзите најавил дека паркирањето ќе се наплатува по час: 20 денари за еден, и за секој нареден по 10 денари плус. Ќе имало и месечни и годишни картички чија цена ќе била со попуст, но сите, па дури и болните кои редовно доаѓаат во Клинички, ќе мора да ја имаат и да ја платат.
Во моментов влезот во Клиничкиот центар не се наплатува, иако јавна тајна е дека за пристап во неговиот круг тарифата на црно е 50 денари. Дневно низ Државна поминуваат илјадници возила.
Режимот, кој важи само на хартија, предвидува слободен влез во Државна да имаат само возила кои пренесуваат пациенти во тешка состојба, болни на дијализа и останати лица кои имаат белешка од лекар дека не можат да одат пеш и им е неопходен транспорт до болницата. Право на влез имаат и таксисти кои смеат да влезат, но не и да се задржуваат внатре во Клиничкиот блок. За вработените е предвидено точно место за паркирање.
Но, со години ова правило никој не го почитува, па често се случува поради метеж од возила уличките да се блокираат и да не може да влезе возило на Брза помош.
А.Стојановска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка
Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти. Русија го засили бомбардирањето на енергетската мрежа на Украина.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека работата продолжува во погодените области, велејќи дека ситуацијата „останува исклучително тешка“, особено во пограничните региони.
Зеленски рече дека 200 екипи за итни случаи се на терен и вршат поправки во регионот Киев околу главниот град.
„Немам струја дома околу 55 часа. Па, за да не плачам, само се смеам“, рече Лиза Лазаренко, која престојува во училиште во Киев кое е претворено во хуманитарен центар.
Зеленски претходно рече дека Русија минатата недела испратила 1.100 беспилотни летала, повеќе од 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети, вклучувајќи балистички, крстосувачки и со среден дострел, против Украина.
Во петокот, по ракетниот напад врз Киев, речиси целиот град остана без електрична енергија и греење поради суровата зима, а властите дури во недела го вратија снабдувањето со вода и делумно електрична енергија и вода.
Minus fifteen.
This is no longer weather. This is a weapon.Russia struck thermal power plants.
Not the front line. Not the army.
Heat. Light. Survival.Kyiv is dark.
Dnipro is dark.
Odesa is dark.Minus fifteen.
People will die now without bleeding.
From cold rooms. From… pic.twitter.com/8n5PCI0byx— inna shevchenko (@femeninna) January 9, 2026
Зеленски рече дека Русија намерно чекала студеното време да ги влоши работите за украинскиот народ и дека ова е „циничен руски терор, особено против цивилите“.
„Реконструкцијата е во тек. Сепак, ситуацијата со снабдувањето со енергија во главниот град останува многу тешка“, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека руските сили повторно го нападнале електроенергетскиот систем на земјата преку ноќ, накратко прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на југоисточните региони Дњепропетровск и Запорожје.
„Не помина ниту еден ден оваа недела без напади врз енергетските објекти и клучната инфраструктура. Вкупно се регистрирани 44 напади“, рече украинската премиерка Јулија Свириденко на Телеграм.
Свет
Германскиот министер за надворешни работи: Иранскиот режим ја изгуби легитимноста
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека иранската влада го изгубила легитимитетот поради бруталното задушување на протестите и исклучувањето на интернетот.
„Луѓето протестираат против овој режим. Режим кој го исклучува интернетот и го ограничува правото на комуникација во суштина го изгубил својот легитимитет. Тие се плашат од сопствените луѓе“, рече Вадефул во видео објавено на Инстаграм.
Тој додаде дека ќе разговара за ситуацијата во Иран со американскиот државен секретар Марко Рубио за време на посетата на Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Америка е „подготвена да им помогне“ на иранските демонстранти, а бројот на убиени лица во протестите низ Иран надмина 500. Протестите влегоа во третата недела, а режимот објави дека „нема да има милост“ кон демонстрантите, кои ги нарекува „бунтовници“.
Свет
Шефицата на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е ваше време
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и покрај жестоката репресија од страна на Исламската Република.
„До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на Икс.
Осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, таа додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е режим што се плаши од сопствениот народ“.
The yearning for liberty is inherent to all of us as human beings.
Iran's new generation demand dignity and freedom. In 2026, it cannot be too much to ask for.
The killing must stop. The innocent and persecuted must be released. The repression must end.
To those brave girls,…
— Roberta Metsola (@EP_President) January 11, 2026
„Убивањето мора да престане“
Мецола го повика раководството во Техеран да го промени курсот, нагласувајќи дека достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година. „Убивањето мора да престане. Невините и прогонуваните мора да бидат ослободени. Репресијата мора да заврши“, напиша таа.
Таа, исто така, ги повика членките на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, иако не кажа како треба да се направи тоа, велејќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“.

