Спорт
Хет-трикот на Олиќ за финале на Баерн
Минхенски Баерн докажа дека е пресилен залак за францускиот Лион и во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите
Баварците по домашната победа од 1:0, им дадоа некаква надеж на Французите дека со пожртвувана игра ќе можат да го постигнат најголемиот клупски успех. Но вечерва Баерн уште од самиот почеток заигра како да нема никава предност и уште во третата минута создаде шанса, додека Лион играше во грч и со големо оптоварување на блискиот голем успех. Во таква игра хрватскиот репрезентативец Ивица Олиќ во 26-та минута го доведе во водство Баерн, а имајќи предвид каква беше играта на домаќините, веќе се препознаваше кој ќе биде првиот финалист на амдридски „Сантјадо Бернабеу“.И вториот дел не донесе нова игра на Лион на стадионот „Жерланд“, а по 58-та минута кога два жолти картона дои исклучување заработи домашниот играч Крис, веќе се беше јасно. И набрзо, во 66-та минута, Олиќ со својот втор гол вечерва конечно ја закопа и секоај надеж на Лион. Во 78. минута по асистенцијата на Лам, Олиќ и по третпат се запиша во листата на стрелците, со што влезе во историјата на Лигата на шампионите меѓу малкумината кои постигнале хет-трик во полуфинален меч од најсилното клубско натрпеварување во светот.
Баерн сега ќе ја очекува утрешната пшресметка меѓу Барселона и Интер во кој миланскиот клуб влегува со голема но сепак не и недостижна предност до првиот натпревар, кога победи со 3:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бекер: Очигледно е кој е „ГОАТ“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за трката за најдобар играч на сите времиња, во која главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Бекер нема сомнение дека Новак Ѓоковиќ заслужува да биде наречен „ГОАТ“.
„Тој заслужува почит. Отсекогаш го заслужувал тоа. Ако игра уште една или две години, ќе стане најпопуларниот тенисер на сите времиња. Бидејќи колку подолго игра, луѓето ќе разберат што всушност е Новак“, рече Бекер и додаде:
„Новак Ѓоковиќ е најдобриот во историјата, тоа е очигледно.“
Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ во еден период, од декември 2013 до истиот месец 2016 година.
Спорт
Лоши вести за ПСЖ и Мароко – Ашраф Хакими ќе отсуствува два месеци
Луис Дијаз го обележа синоешното дерби на „Паркот на принцовите“. Колумбиецот ги постигна двата гола за Баерн, во четврттата и 32-та минута, а во финишот на првиот дел со брутален старт го повреди Ашраф Хакими и доби црвен картон.
Десниот бек на ПСЖ, во солзи и со помош на лицата од медицинскиот тим на ПСЖ го напушти теренот, а нешто подоцна со помош на патерици замина од стадионот.

Актуелниот европски првак се уште не се огласил по повод повредата на Хакими, додека француските медиуми пишуваат дека Мароканецот ќе паузира најмалку два месеци.
Доколку шепкулациите се точни ова е лоша вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике и селекторот на Мароко Валида Реграги.
Паузата од два месеци значи дека Хакими ќе го пропушти Африканскиот куп, кој започнува на 21 декември. Неиграњето на капитенот Хакими ќе биде голем удар за Мароканците кои имаат најголеми амбиции. Мароко последен пат го освоил Африканскиот куп во далечната 1976 година.
Спорт
Милан и Интер го купија Сан Сиро од градот Милано
Пo 90 години, стадионот „Сан Сиро“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Од денес, легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои утрово потпишаа договор за купопродажба.
Клубовите веќе ја платија првата рата од 73 милиони евра на градот, а вкупната цена на аквизицијата ќе биде 197 милиони евра, намалена за 22 милиони евра што Градот ги обезбеди како придонес за реконструкција на тунелот Патрокло и санација на околното земјиште, пишува „Газета дело Спорт“.
Договорот беше склучен по состанокот утрово, кој започна во 7:30 часот во канцеларијата на нотарот Филипо Забана, а заврши околу пладне. Претседателот Паоло Скарони, финансискиот директор Стефано Кочирио и правниот тим беа присутни во име на Милан, додека Интер беше претставен од членката на одборот Кети Ралф и Масимилијано Катанезе.
Градските претставници беа исто така присутни, но без градоначалникот Џузепе Сала, кој моментално е во Бразил. Преносот на сопственоста се случи во трка со времето, само пет дена пред 10 ноември, датумот кога требаше на сила да стапи архитектонската заштита на вториот прстен на стадионот, што ќе го спречи планираното рушење.
Недолго по состанокот, клубовите објавија официјално соопштение.
„АК Милан и ФК Интернационале Милано објавуваат дека денес потпишаа договор за купопродажба со градот Милано за купување на Големата урбана област Сан Сиро, вклучувајќи го стадионот Меаца и околната област.
Изградбата на новиот стадион и урбаната регенерација на областа Сан Сиро претставуваат ново поглавје за градот Милано и двата клуба. Ова важно достигнување ги одразува заедничките амбиции на Милан и Интер и нивните сопственици, „RedBird“ и фондовите управувани од „Oaktree“, за долгорочен спортски успех и за инвестиција што ќе овозможи создавање вредност во поддршка на одржливиот раст на двете компании.“
Во соопштението за медиумите се објаснети и следните чекори:
„Клубовите им ја доверија на „Фостер + Партнерс“ и „Маника“ проектната патека и развојот на нов објект од светска класа и грандиозен план за околното подрачје. Стадионот ќе ги исполнува највисоките меѓународни стандарди и е наменет да стане нова архитектонска икона за градот Милано.
Приказната не завршува тука. Противниците на уривањето на „Меаца“ и изградбата на нов стадион ја продолжуваат својата борба, и сè неизбежно ќе се префрли на суд. Како што објави „Анса“ утрово, обвинителството во Милано започна истрага поради сомневања за местење на тендери.
Промотерот Клаудио Трота, еден од основачите на одборот на „Да Меаца“, кој се противи на проектот, беше испрашуван од обвинителите. Трота тврди дека сакал да даде понуда за стадионот, но бил спречен да учествува на тендерот поради премногу кратките рокови утврдени од Градот.
Новиот стадион, со капацитет од 71.500 седишта, треба да биде завршен во 2031 година и ќе ги чини клубовите 1,2 милијарди евра. Целта е стадионот да биде подготвен за Европското првенство во 2032 година, кое Италија ќе го организира со Турција.

