Свет
Македонка за немирите во Лондон
Тања Милевска која живее во Лондон повеќе од десет години, како што вели за „Макфакс“ до сега не видела толку големо насилство.
Тања Милевска живее во Лондон повеќе од десет години. Моментално работи како менаџер во компанија за домашна нега (Barnet Carers Centre). Досега, како што вели за „Макфакс“ не видела толку големо насилство.„Младите кои кршат и палат по британските градови се вистински диви ѕверови. Ја користам таа фраза намерно, бидејќи им одговара на овие млади луѓе, кои се лишени од секаква дисциплина и не прават разлика помеѓу добро и лошо. Тие реагираат само на инстиктивен животински импулс.Нивното однесување по британските улици личи на поларната мечка која нападна во норвешкиот туристички камп минатата недела. Лицата кои уништија имоти,возила и го тероризираа населението немаат никаков морален компас за да ги подложни на вина или срам„, вели Милевска.Таа вели дека земјата за која е типична мешавината на најразлични етнички заедници е прекрасно место за живеење и како резултат на добрата социјална политика и целокупната грижа на државата, секој етникум го има најдено своето место и се почитуваат неговите права.„Хулиганите кои дивеат по улиците не само што не знаат ништо за минатото и традицијата на Велика Британија, тие не се грижат и за нејзината сегашност.За нив битни се само видео игрите и уличните борби, дрогата и криминалот. Поимот работа од девет до пет за нив е непознат„, вели Милевска.Немирите во Лондон, кои потоа се проширија по неколку британски градови започна вечерта на шести август. Штетатата која ја направија хулиганите се проценува на неколку милиони фунти. Голем број мали бизниси пропаднаа, а дел од населението ги загуби и имотите. Насилството избувна по мирниот протест, што се одржа пред полициската станица во Тотенхем на која луѓето од тој дел на британскиот главен град се собраа да го изразат своето незадоволство од убиството на еден 29-годишен татко на четири деца, кој беше убиен од полицијата. Истрагата се уште нема утврдено како дошло до убиството на човекот освен дека инцидентот се случил во време на една полициска операција на Скотланд Јард, како и дека најверојатно полицаецот пукал прв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон за нападот во Франција: Правдата ќе ја утврди вистината
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека има целосна доверба дека правосудниот систем на земјата ќе ја утврди вистината и ќе реагира со најголема цврстина откако возач на автомобил намерно удри неколку луѓе на островот Олерон во средата.
„Сите сме шокирани од нападот. Изразувам најдлабоко сочувство до повредените и семејствата на погодените. Им се заблагодарувам на нашите безбедносни и спасувачки сили кои беа мобилизирани за да го заштитат францускиот народ“, изјави Макрон, кој моментално е во Бразил, каде што учествува на климатскиот самит.
Возачот, 35-годишен маж кој живее на островот, намерно прегазил пет лица вчера, соопштија обвинителите.
Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон ја потврди намерата на возачот да удира во случајни минувачи.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека осомничениот покажувал експлицитен религиозен став и бил предмет на саморадикализација.
Сепак, во оваа фаза од истрагата, не е јасно дали религиозните мотиви биле причина за нападот, објави Ројтерс. Две лица повредени во инцидентот се уште се во сериозна здравствена состојба.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

