Свет
Садам немал биолошко оружје
Американската инвазијата врз Ирак е предизвикани со лажен извештај, признава ирачкиот научник Рафид ал-Џанаби за британски Guardian
Во интервјуто за британскиот весник, Рафид Ахмед Алван ал-Џанаби, човекот со чии доверливи информации под кодно име „Curvebal“ на западните разузнавачки служби им било претставено дека режимот на диктаторот Садам Хусеин располага со оружје за масовно уништување, сега вели дека тие биле лажни. Како што вели ал-Џанаби тој посакувал слобода за Ирак, и немал друг излез тоа го сторил затоа освен да ги фризира извештаите со кои подоцна САД ја оправдаа својата инвазија. Агентите на западните разузнавачки служби му пришле на ал-Џанаби во 2000 г. во Германија каде тој избегал уште во 1995 г. Прво го обработувале германските разузнавачи кои веќе ги имале податоците дека е хемиски инженер кој се образувал во Багдад. Но тој го искористил тоа за да им подметне измислена приказна во желба западот да се ангажира за побрзо симнување на режимот на Садам. Германските претставници истата година заминале во Ирак каде за биолошкото оружје разговарале со научникот Басил Латиф, кој билшеф на ал-Џанаби во ирачката воена индустрија.Како што се вели во интервјуто, Латиф го негирал постоењето на какво и да е оружје за масовно уништување, што како што се покажа подоцна Ирак никогаш не го имал. Тајните служби го прекинале контактите со ал-Џабари но по две години повторно го контактирале и повторно се интересирале за наводното биолошко оружје, но тој тврди дека овојпат тие го присилиле на соработка. Наводно нему му се заканиле дека на неговата бремена сопруга нема да и’ дозволат да му се придружи во Германија и тој ја повторил истата приказна.Како што произлезе подоцна, токму од овие информации подоцна САД го обвини Ирак како закана за светската безбедност и инсистираше на неопходност од инвазија, што подоцна и се оствари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

