Македонија
Масовност на протестот на лекарите на Клинички, некаде имало и опструкции

Масовна излезеност на лекарите на протест кој се одржа во понеделник во кругот на Клиничкиот центар, за време на паузата на лекарите од 11.30 до 12 часот.
Според проценките на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, на протестот излегле повеќе од 300 леакри, или околу 95 отсто од лекарите кои го поддржаа протестот. За време на паузата на Клиниките имаше дежурни екипи.
Лекарите протестираат против моделот за плаќање по учинок, којшто предвидува наградување и казнување на лекарите, во зависност од тоа што сработиле во текот на денот, бројот на пациентите и тежината и интервенциите и операциите или прегледите.
„Мора да се разбере природата на нашата работа, бројките не можат да бидат мерило за нашата работа. Таа е тимска и со воведувањето на плаќањето по учинок секој ќе тера бројка, а не квалитет. Ваквиот модел лошо ќе се одрази врз меѓучовеччките односи, односно односите меѓу лекарите, но и на пациентите. Ние не сме пакувачи на шишиња, па да ни се мери бројката“, изјави др Викторија Чаловска од Клиниката гастроентерохепатологија.
Лекарите се задоволни од масовноста на протестот. „Пет сламки се посилни од една. Апсолутно дека сме силни, ќе видиме колку ќе ги оствариме нашите барања“, вели доктор Калина Гривчева, од Клиниката за гастроентерохепатологија.
Претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, Дејан Ставриќ, е задоволен од големата излезеност и според неговите процени, на протестот беа излезени 95 отсто од лекарите кои го поддржале протестот.
На Клиниките за токсикологија, неврохирургија, кардиологија се вршеле притисоци и опструкции врз лекарите од страна на директорите, а некаде дури имало дури и закани за затвор. Но и покрај пристисоците, на протестот излегоа и лекарите од овие клиники.
„Овој модел не е добар, има многу аномалии, некој што работел е казнет, а некој што не работел се наградува. Со овој модел се занемарува квалитетот“, вели Ставриќ.
Меѓу лекарите имаше и пацинетка која даде поддршка на протестот. „Јас сум пацинет 20 години и јас не сакам да ме третираат како кутија. Имам 68 години и првпат слушам министер да тужи синдикат“, вели Елена Стојковска, од Здружението за остеопороза.
Синдикатот во вторник во 13 часот ќе има средба со министерот за здравство, Никола Тодоров, да разговараат и преговараат за нивните барања.
Ставриќ вели дека тие не отстапуваат од своите барања, ниту од тоа платите да им бидат зголемени за 100 отсто, барање, кое категорично го оспори министерот Тодоров.
Откако Основниот Скопје 2 во четвртокот го забрани штрајкот кој го најавија лекарите по тужбата од Министерството за здравство, лекарите излегоа на предупредувачки штрајк.
Иако голем број од лекарите се против овој модел, тој веќе функционира веќе два месеца, а министерот Тодоров вели дека овој систем не е донесен за да се казнат лекарите кои не работат,туку да се одвои квалитетниот кадар и да се награди според сработеното./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика.
Министерот Панче Тошковски вечерва на вонредна прес-конференција објави дека не е регистрирано радијационо зрачење, а во непосредна близина на 150 метри на центарот од огнот има високо ниво на штетни супстанци и е високоризично. До 200 метри е средно ниво на опасност, а до 400 е ниско ниво на опасност.
„За да ја минимизираме опасноста, препорачуваме оние кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. На располагање се ставани сместувачки капацитети на Центарот за обука“, изјави Тошковски, истакнувајќи дека на 400 метри од пожарот не е евидентирано загадување и ова се однесува на оние кои живеат во околината.
Тој истакна и дека се вршат разговори со три лица во станица, за да се утврдат околностите за пожарот, а оперативните активности продолжуваат.
Пожарот се гасне со песок, по препорака на меѓународни стручњаци. Министерот потврди дека горат батерии што налага посебен начин на делување.
Македонија
Вечерва ќе има први резултати за квалитетот на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање ангажираше акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во погодената зона, по пожарот што избувна во Трубарево.
Резултатите од овие мерења ќе бидат јавно објавени веднаш по нивната обработка, а првите резултати веќе се очекуваат вечерва.
Во очекување на резултатите од мерењата, Министерството препорачува граѓаните во погодената област да преземат следниве мерки за заштита:
1. Останете дома – Избегнувајте престој на отворено, особено во близина на локацијата на пожарот.
2. Затворете ги прозорците и вратите, за да се намали можноста за внесување на загаден воздух во просториите.
3. Исклучете надворешна вентилација, Избегнувајте користење на клима уреди и системи без филтри кои вовлекуваат воздух однадвор.
4. Заштитете ги ранливите групи – Децата, постарите лица и лицата со хронични заболувања нека останат во затворен простор.
5. Користете заштитни маски – Ако е неопходно излегување, носете маски од тип FFP2 или FFP3.
6. Бидете внимателни со храна и вода – Темелно измијте овошје и зеленчук од околните градини. Користете само вода од сигурни извори.
7. Следете ги официјалните информации, Редовно информирајте се преку каналите на Министерството.
Министерството апелира на смиреност и рационално однесување и уверува дека сите надлежни институции се мобилизирани за следење и управување со состојбата.
Македонија
Ѓорѓиевски: Пожарот е злосторство против народот, скопјани не смеат да се гушат во чад и отров

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, реагираше по повод големиот пожар што избувна во Скопје, оценувајќи го како директна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина.
„Во овој момент сведочиме на ужас што не смее да се повтори – огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека од самиот почеток, заедно со колегите Бобан и Дејан, е на терен и дека се вложуваат максимални напори за ставање на пожарот под контрола.
„Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување. Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа,“ нагласи Ѓорѓиевски.
Тој го нарече настанот „злосторство против народот и луѓето на Скопје“ и порача дека „некој си игра со трпението и здравјето на граѓаните“.
„Упатувам апел до сите надлежни институции: постапете итно и безмилосно! Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров,“ рече кандидатот за градоначалник на Скопје.
Ѓорѓиевски додаде дека ќе останат на терен со граѓаните сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат.