Свет
Состанокот на ФАО заврши без успех
Тридневниот состанок на врвот на Организацијата за храна при Обединетите нации(ФАО) заврши во среда со многу мал напредок во борбата за искоренување на гладот.
Тридневниот состанок на врвот на Организацијата за храна при Обединетите нации(ФАО) заврши во среда со многу мал напредок во борбата за искоренување на гладот. Шеесетина претседатели на држави и влади, како и претставници на меѓународните организации, но без ниту еден лидер на најбогатите земји, на состанокот ветија помош на земјоделците од сиромашните земји во производството на доволни количини храна за да ги прехранат своите народи. Но, учесниците на состанокот уште во понеделникот ги отфрлија апелите на ОН да се обврзат да даваат по милијарда долари помош секоја година. Во завршната изјава на состанокот, усвоена уште првиот ден, повторено е дека целта е искоренување на гладот во светот, но не е остварен ниту еден конкретен начин и рок за негово остварување. Од сите земји од групата Г8 на состанокот во Рим присуствуваше единствено италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Главниот директор на ФАО Жак Диуф изрази жалење поради недостатокот на конкретни рокови и го повика светот да помине од „зборови на дело“. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шефицата на германската дипломатија: Руската војна се води на сите нивоа
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека „војната во Русија се води на сите нивоа“, вклучително и блокадата на украинскиот извоз на жито, но и сајбер нападите, не само во Украина, туку и врз германската владејачка Социјалдемократска партија (СДП) и германските компании.
Тоа е неодговорен процес, настан за кој не можеме да молчиме, изјави Аналена Бербок при посетата на Фиџи, пренесува ДПА.
Неодамна беше објавено дека Русија извршила сајбер напади врз СДП и германски компании од секторите на одбраната, авијацијата и информатичката технологија.
Свет
Во просторијата во која требало да се состане полската влада биле пронајдени уреди за прислушување
Полските безбедносни служби пронајдоа и демонтираа уреди за прислушување во просторијата во која денеска треба да се состане министерскиот совет, изјави портпаролот на координаторот на специјалните служби.
Полска, центар на западните воени резерви на Украина додека Киев се бори против руската инвазија, е во состојба на висока готовност за какви било знаци на шпионска активност.
„Службата за државна заштита, во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност, откри и демонтира уреди што може да се користат за прислушување во просторијата во која денеска треба да се одржи состанокот на Советот на министрите“, напиша Јацек Добржински на социјалната мрежа „Икс“.
„Службите спроведуваат понатамошни активности во врска со ова прашање“, додаде Добржински.
Вчера, владата соопшти дека истражува дали полски судија, кој имал пристап до доверливи информации и барал политички азил во Белорусија, шпионирал.
Регион
Кинескиот претседател денеска пристигнува во Белград: ќе го чуваат илјадници полицајци
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска доаѓа во официјална посета на Белград, а според Танјуг, за неговото пристигнување се преземени големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја штитат 3.400 полицајци.
Ќе го пречекаат српските ловци МиГ-29 кои ќе го следат неговиот авион од границата, а на аеродромот во Белград во негова чест ќе биде построена стража на војската на Србија.
Покрај автопатот во Белград се поставени кинеското и српското знаме, а пред Палатата Србија ќе биде организиран и свечен пречек на кинеската делегација, броена од 400 луѓе, а планирано е да се потпишат повеќе од 30 договори.
Ќе биде организиран и свечен ручек, а кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик“.
Домаќин на кинескиот претседател ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.
Шји последен пат беше во Србија во 2016 година, што беше прва посета на претседателот на Кина на Србија по 32 години и по тој повод беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство.
Вучиќ се сретна со Шји во октомври минатата година во Пекинг, кога беа потпишани 18 договори, меѓу кои и договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина, кој наскоро треба да стапи на сила.
Ова е прва посета на претседателот Шји на Европа во последните пет години, од избувнувањето на пандемијата Ковид-19, а за време на оваа европска турнеја тој ќе посети само три европски престолнини – Париз, Белград и Будимпешта.
Петдневната турнеја ја започна со посета на Франција на 5 мај, во Белград доаѓа на 7 мај, а потоа ќе ја посети Будимпешта.
На последната средба меѓу кинескиот и српскиот претседател во октомври минатата година во Пекинг, покрај Договорот за слободна трговија, беа потпишани и неколку билатерални документи, како оние за полициска соработка во управувањето со вонредни ситуации, изградбата на патишта, индустриски парк, извоз на јаболка, дигитализација.