Македонија
Најмногу пијани возачи во Струмица
Вкупно 133 од контролирани 1729 возачи во Македонија во текот на изминатиот викенд возеле под дејство на алкохол
Вкупно 133 од контролирани 1729 возачи во Македонија во текот на изминатиот викенд возеле под дејство на алкохол.
Ова го соопшти министерството за внатрешни работи додавајќи дека најмногу алкохолизирани возачи биле регистрирани во Струмица и тоа 20, па следуваат Битола со 11, Скопје 10, осуммина се фатени на автопатот кај Петровец, по 7 во Куманово, Охрид и на автопатот кај Тетово и по шестмина на автопатот кај Демик Капија, во Кавадарци, Гостивар, Кочани и Штип.
На сите пијани возачи им се издадени налози за наплата на глоба, а против нив ќе биде побарано поведување на прекршочна постапка и изрекување на забрана за управување со возило.
Возачите под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи.
Во акциската контрола, спроведена ноќта меѓу 24 и 25 октомври од 22 до 05 часот, биле употребени 959 алкотестови./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

